Volkswagen направи виртуелен штанд од Салонот во Женева

Иако Меѓународниот Салон за автомобили во Женева е откажан, од Volkswagen одлучија да направат виртуелна тура низ штандот кој требаше да биде поставен на овој саем

Пандемијата на коронавирусот си го зема својот данок и удри врз секојдневниот живот на луѓето, а исклучок не е ниту автомобилската индустрија. Производството на делови и автомобили е прекинато, а манифестациите се откажани или одложени за подоцнежни датуми, што ги принуди производителите како Volkswagen, BMW, Mercedes, Alfa Romeo, Seat и останатите, своите новитети да ги прикажуваат онлајн.

Но, Volkswagen направи нешто навистина креативно и интересно. Имено, германскиот гигант беше одлучен во намерата да приреди вистинско шоу во Женева, но поради откажувањето не е во таква можност, а новитетите ги презентираше преку дигитални канали. Но, тоа не значи дека луѓето од Volkswagen кои беа задолжени за креирање на целиот штанд во Женева и нивниот проект ќе заврши во отпад. Можете само да замислите колкава количина на време и труд се потребни за да се направи еден штанд за еден производител на манифестација како Женева. Поради тоа, Volkswagen реши да направи виртуелна тура низ она што требаше да биде видено на Саемот во Швајцарија. Виртуелниот штанд на Volkswagen од Меѓународниот Салон за автомобили во Женева е интерактивен, а чувството е како навистина да се наоѓате таму и да шетате низ целиот простор. Комплетирано со музика и светла.

Volkswagen Женева

Салонот во Женева не е единствениот автомобилски настан кој беше погоден од пандемијата на коронавирусот. Салонот во Париз е делумно откажан, додека настаните во Њујорк и Пекинг се одложени за подоцна годинава. Саемот во Детроит е целосно откажан, со оглед на тоа дека местото каде што требаше да се одржи манифестацијата е пренаменета во болница.

Интерактивниот виртуелен штанд на Volkswagen од Женева можете да го видите ТУКА.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close