НАСЛОВНАСАЕМИ

Пекинг 2018: Нова автомобилска марка

За време на саемот во Пекинг 2018 деби направи новата автомобилска марка за Кина - Aiways, која веќе ангажира познато европско име во своите редови

Кинезите одлучија да го зголемат имиџот на новата марка со помош на Германецот Роланд Гумперт – творецот на Gumpert Apollo.

Првата креација на Aiways е кросовер со име U5 Ion. Погонот на ова издание ќе е електричен, со батерија сместена под подот на ентериерот. Засега, податоците на електричниот мотор и батериите се чуваат во тајност.

Дизајнот е модерен, но сепак на човек му треба уште време да се навикне на оскудните елементи кај електромобилите. Меѓу Aiways партнерите се технолошки гиганти како што се Bosch и Siemens.

Aiways

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close