Peugeot 208 достапен со електричен, бензински или дизел мотор во Македонија

Peugeot продолжува да ги реализира своите планови за целосната гама на возила да добијат своја електрична верзија

Целта на оваа стратегија е овозможување на потенцијалните клиенти да добијат избор повеќе при определување и дефинирање на своите потреби при купување на возило. За таа цел, компанијата Еуроимпекс, генералниот узвоник на Peugeot во Македонија, ќе ги промовира на нашиот пазар сите модели на гамата со избор на три мотори – бензински, дизел или електричен мотор.

Во моментов моделот кој се нуди со избор помеѓу три типови на мотори е новиот Peugeot 208, добитникот на најпрестижната награда „Автомобил на годината во Европа за 2020“. Инаку, вреди да се напомене дека Peugeot е единствениот бренд кој во три наврати ја освојувал наградата „Европски автомобил на годината“.

Peugeot е-208 се карактеризира со истите ентериер и екстериер како и верзиите со конвенционални мотори. Единствената разлика е во некои надворешни детали кои ја нагласуваат електричната природа на оваа верзија. Тука се мисли на решетката во боја на каросерија. Исто така и ознаката „е“ која се наоѓа на страниците на возилото. На крајот, логото на лавот кое се прелива во сина електрик боја во зависност од аголот.

Електричниот Peugeot e-208 се нуди со три режими на возење (Eco, Normal и Sport). Притоа, има и 2 режими на сопирање со кои се овозможува надополнување на батеријата при запирањето. Кога станува збор за полнењето, Peugeot e-208 е достапен со еднофазен полнач од 7,4 kW како стандарден. Тука е и опционалниот трофазен инвертор од 11 kW. При користењето на стандардниот монофазен полнач за домашна употреба, потребни се 31 час за да се наполни батеријата од 50 kWh до 100%. За батеријата од 75 kWh, пак, потребни се 47 часа.

При користење на брзиот монофазен полнач за домашна употреба потребни се 15 часа за 50 kWh батеријата. Односно 23 часа за опцијата со 75 kWh. Со стандардниот ѕиден монофазен полнач од 7,4 kW потребни се 7:30 часа за целосно полнење на батеријата од 50 kWh. За батеријата со капацитет од 75 kWh се потребни 11:20 часа. Со трофазниот ѕиден полнач од 11 kW, батеријата од 50 kWh може да се наполни за пет часа. Односно 7 и пол часа за батеријата со 75 kWh. Кога станува збор за брзите јавни полначи од 100 kW, тогаш батеријата се полни до 80% за 45 минути. Инаку, батеријата кај Peugeot возилата е со гаранција од 8 години или изминати 160.000 километри. По ова, капацитетот на батеријата се намалува на 70 проценти.

При изборот на Peugeot е-208 треба да се земе предвид дека се потребни само минимални интервенции и сервисирање на возилото. Тоа подразбира проверка на предница, подвозје, течности, сигнализација, сопирачки, пневматици и притисок во пневматици, оптика на фарови и слично. Со тоа потенцијалните купувачи се ослободени од сите останати трошоци кои нормално пристигнуваат со користење на автомобилите со конвенционални мотори со внатрешно согорување.

Поврзани вести

Back to top button