fbpx

Peugeot тестира нов 508 седан, кој доаѓа подоцна годинава

Првите шпионски фотографии од новата генерација Peugeot 508 покажуваат дека Французите се доста напредни со овој модел

Веќе има тестни прототипови кои ги носат сите елементи на дизајнот на очекуваниот конечен сериски производ. Од фотографиите може да се заклучи дека Peugeot 508 ќе користи многу решенија од 3008 и 5008. Тоа е експресивната предница, како и стоп светла со вертикални LED елементи. Во внатрешноста, впечатокот е дека контролната табла ќе биде развиена во склад на распоредот што го знаеме од новите SUV изданија на брендот.

Peugeot 508

Сегашниот 508 излезе во 2011 година и веќе има потреба од обнова со оглед на свежа конкуренција од Ford Mondeo, VW Passat, Škoda Superb и Opel Insignia. Се очекува французите да создадат сосема нов автомобил, буквално дизајниран од нула. Платформата EMP2, која ќе се користи како основа, треба да донесе значително губење на тежината.

Што се однесува до моторите, тука нема сензации, 508 добива релативно широк опсег на бензински и дизел издведби. Иако, од Peugeot сѐ уште тврдат дека ова е рана фаза на развој, сосема е можно да го видиме новиот модел веќе оваа есен на изложбата во Франкфурт.
Peugeot 508

Peugeot 508

Поврзани вести

Back to top button