fbpx

Peugeot цели кон врвот со целосно електричната професионална гама

Со својата палета од 100-процентно електричните комерцијални возила, француската компанија Peugeot се стреми да биде лидер на пазарот

Електричната револуција за професионалците започна. Брендот Peugeot сега нуди гама од 100 проценти електрични комерцијални возила. Електричните комерцијални возила на Peugeot ja задржуваат комплетната функционалност на конвенционалните дизел верзии, но генерираат нула бучава, нула вибрации, нула емисии и нула мирис на гориво.

Со оваа комплетна палета од 100 проценти електрични комерцијални возила, еден од првите на пазарот, Peugeot се стреми да биде лидер во продажбата на целосно електрични комерцијални возила во Европа до 2022 година. Целта е да се понуди ново ниво на спокојство на професионалците и да се намалат традиционалните форми на загадување, во време кога актуелните општествени трендови бараат сè повеќе и повеќе комерцијални возила во урбаните средини.

За дополнително да ја подигне свеста за својата електрична понуда и нејзините придобивки кај професионалците, Peugeot наскоро ќе ја претстави новата посветена рекламна кампања низ целиот континент, која ќе биде лансирана во ноември.

Со пристигнувањето на комерцијалното возило e-Partner и големото електрично комерцијално возило e-Boxer оваа есен, професионалната гама на Peugeot е целосно 100-проценти електрифицирана. Тие се придружуваат на комерцијалното возило e-Expert, модел кој беше лансиран минатата година и се закити со наградата „Интернационално комерцијално возило за 2021“.

Експертите му ја доделија титулата комерцијално возило на годината и на новиот Peugeot e-Partner во Велика Британија откако WhatCar и Van & Commercial Vehicle of the Year Award ги наградија трите возила на брендот, Partner, Expert и Boxer, за нивната практичност во нивните соодветни категории.

Пристигнува и опција со водородни горивни ќелии

Покрај овие 100% електрични возила, Peugeot ќе започне и со производство на своето прво електрично комерцијално возило со горивни ќелии, e-Expert Hydrogen, пред крајот на годината. Со ова, брендот ќе ја прошири својата понуда на најнапредните технологии за електрификација.

Peugeot

„Најавивме и ја исполнивме обврската за палета на 100% целосно електрифицирани комерцијални возила возила до крајот на 2021 година, што Stellantis е првиот што го направи тоа. За да одговориме на другите потреби на клиентите, ќе понудиме „водородна горивна ќелија“ на нашето комерцијално возило во наредните недели, што ја покажува нашата постојана посветеност на иновациите“, нагласува Xavier Peugeot, извршен директор на деловната единица на комерцијални возила на Групацијата Stellantis.

Линда Џексон, извршниот директор на брендот Peugeot, изјави: „Peugeot е посветен да биде водечки играч во промената и трансформацијата на деловниот сектор со целосно електричните комерцијални возила. Очигледно, трошоците за користење се многу силен аргумент за корисниците, но ние исто така покажуваме дека електричните комерцијални возила се задоволство за возење: за нивниот возач, кој е отворен за ново, спокојно возачко искуство, и за сите околу нив, кои имаат корист од мирна средина, без бучава и мирис на гориво“.

Поврзани вести

Back to top button