fbpx

Peugeot e-208 добитник на наградата „What Car?“

Peugeot e-208 e прогласен за „мал електричен автомобил на годината“ на премиерниот „What Car?“ настан посветен исклучиво на електричните автомобили

Електричниот Peugeot e-208 автомобил победи во категоријата на мали автомобили на првото издание на „What Car?“ наградите посветени за електрични автомобили, победувајќи голем број на ривали за оваа ласкава титула.

Целосно новиот Peugeot e-208 e првиот целосно електричен автомобил од новата генерација на француската марка и продолжува со своето освојување на награди, а најнова во низата е токму Electric Small Car of the Year на „What Car? Electric Car Awards“. Peugeot e-208 и 208 веќе беа прогласени за Европски Автомобил на годината претходно оваа година.

Стручното жири на „What Car?“ беа импресионирани од уникатната филозофија на Peugeot за овозможувањето на купувачите да го добијат својот автомобил со секаков вид на погонски склоп, без разлика дали станува збор за електричниот e-208 или пак дизелската или бензинска варијанта на конвенционалниот 208.

Добитник на наградата инаку е Peugeot e-208 во Allure ниво на опременост, кој исто така освои големи оценки кај жирито, особено поради најновиот 3D i-Cockpit, како поради неговиот изглед, така и поради технологиите и системите за безбедност.

Кога станува збор за останатите категории, треба да се напомене дека Seat Mii Electric е добитник на наградата за Value Car, Hyundai Ioniq Electric е добитник во категоријата Family Car, Kia e-Niro во категоријата на мали SUV, Tesla Model 3 во Executive Car. Најдобар луксузен SUV е Jaguar I-Pace, меѓу перформансните автомобили победник е Porsche Taycan, а Tesla Model X е најдобар меѓу возилата со седум седишта.

 

Поврзани вести

Back to top button