Peugeot со официјална онлајн презентација за 3008 и 5008

Француски Peugeot ја одржа официјалната онлјан премиера за 3008 и 5008 кои неодамна беа официјално претставени

Светската премиера на Peugeot 3008 и 5008 француската компанија ја одржа преку дигитален пат со учество на новинари од целиот свет, меѓу кои и Авто Плус, кој ја доби честа да биде дел од овој настан.

Кога станува збор за самите модели, Peugeot 3008 доби темелен редизајн на средина од својот животен циклус, а највпечатливата промена е предниот дел кој се одликува со истиот дизајнерски јазик како новите 208 и 2008. На предниот дел се новите LED светла, а нов дизајн има и решетката која сега е споена со светлата, а присутни се и трите нови отвори за воздух. Благодарение на новата предница, 3008 сега има поспортски изглед, додека силуетата е задржана во однос на претходно. На задната страна се наоѓаат унапредените задни светла со препознатливите „лавји канџи“.

Peugeot 3008 5008

Ентериерот, пак, мина низ нешто помали промени. Новина е централната конзола и поголемиот инфозабавен систем на Peugeot кој сега е со големина од 10 инчи. Тука е и новиот i-Cockpit со 12,3-инчен дигитален инструмент кластер.

Peugeot 3008 5008

Од друга страна, освежениот 5008 пристигнува со нешто посуптилни, речиси минорни промени, кои сепак се доволни за да го одржат овој SUV свеж до доаѓањето на новата генерација. Благодарение на промените, Peugeot 5008 сега наликува на помалиот 3008.

Peugeot 3008 5008

Меѓу новините се новата решетка без рамка, како и новите светла со LED технологија. Светлата се променети и на задниот дел заедно со новиот светлосен потпис. Купувачите сега имаат и повеќе бои за екстериерот при изборот. Исто како и кај 3008, така и Peugeot 5008 добива промени во внатрешноста. Тоа се однесува на 10-инчниот екран од инфозабавниот систем и 12,3-инчната дигитална инструмент табла.

Peugeot 5008

На официјалната презентација на двата модели, Peugeot ги сподели и официјалните цени. Цените за Peugeot 3008 почнуваат од 29.890 евра за Active Premium со 130 КС бензински мотор и достигнува до 52.200 евра за plug-in хибридната верзија со 300 КС и GT Premium ниво на опременост. Од друга страна, цените за 5008 стартуваат од 32.560 евра за Active Premium и 130 КС бензински мотор. На врвот е 180 КС дизел опцијата во GT Premium чија цена изнесува 45.000 евра.

Peugeot 3008

Двата модели кои беа претставени минатиот месец, ќе бидат достапни со избор на пет нивоа на опременост. Тоа се Active Premium, Allure, Allure Premium, GT и GT Premium. Двата модели ќе бидат достапни со 130 КС и 180 КС бензински мотори и 130 КС дизел мотор.

Освен тоа, Peuegot 3008 ќе биде достапен со 225 и 300 КС бензински мотори со plug-in хибридна технологија, додека пак 5008 ќе биде достапен со 180 КС дизелски мотор. 5008 нема да добие хибридна варијанта поради опционалниот трет ред седишта, односно поради тоа што нема простор за батериски пакет.

Peugeot 3008 5008

Новите plug-in хибридни опции се одликуваат со 13,2 kWh литиум-јонска батерија за помоќниот автомобил и е во состојба да помине речиси 59 километри. Двата автомобили можат да се наполнат од 7,4 kW ѕиден приклучок за еден час и 45 минути. Двете хибридни опции пристигнуваат исклучиво со осумстепен автоматски менувач.

Peugeot 3008 и 5008 ќе се појават на пазарот во Франција во ноември. Hа останатите пазари ќе пристигнат на почетокот од 2021 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close