Pininfarina го покажа првиот Battista направен по нарачка

Првиот специјален примерок на електричниот хиперавтомобил Pininfarina Battista направен по нарачка воодушевува со својот изглед

Прославената италијанска компанија Pininfarina го претстави првиот специјален модел на Battista кој е направен по нарачка, а овој електричен хиперавтомобил плени со својата убавина. Како што истакнуваат од Pininfarina, овој модел е инспириран од градот Њујорк, а црвената, белата и сината боја кои се наоѓаат на каросеријата се направени преку Pininfarina Bespoke програмата за персонализација, којa ќе им понуди на секој од 150-те купувачи на Battista неограничени опции за персонализација при дизајнирањето на автомобилот.

На прв поглед, шемата од црвена, бела и сина боја делуваат како сосема обични, но ако се погледне одблиску, може да се забележи дека темно сината нијанса не е обична боја, туку син карбон слој. Наречен Exposed Signature Carbon со Blu Iconica елементи, Pininfarina вели дека ова е прва ваква апликација во автомобилската индустрија. Деловите од автомобилот кои се обоени ќе ја добијат бојата нанесена рачно, а според Pininfarina, потребни се стотици часови за комплетирање.

Performance лентите и Pinstripe елементите во Bianco Sestriere Metallic исто така се нанесени рачно преку каросеријата на Battista, а црвениот надворешен Jewellery Pack како и Furiosa Carbon Accent пакетот во црн Exposed Signature Carbon ја комплетираат тематиката на екстериерот. Impulso тркалата се финиширани во темно мат сива боја, а добиваат и црни алуминиумски прстени кои се комплементираат со покривот, дифузерот, задното крило и гравирањето на предните светла.

Безброј комбинации за персонализација

Во внатрешноста се наоѓаат Pilota седишта тапацирани со црна кожа, а карбонскиот елемент на задниот дел од седиштата го добиваат истиот Iconica Blu третман како екстериерот. Оваа тематика продолжува со Iconica Blu Алкантара со морнарско сини инсерти, Iconica Blu конци, црвено лого на потпирачот за глава и бели појаси. Црвениот брусен алуминиум го комплетира црвениот Exterior Jewellery пакет од надворешноста, додека црниот полиран алуминиум од Interior Jewellery пакет носи нешто потемни детали во целиот микс.

Battista

Традицијата на Pininfarina во изработката на каросерии трае 91 година, а тоа ќе продолжи исклучиво со Battista, каде што секој автомобил може да биде уникатен. Bespoke програмата за персонализација нуди практично безброј уникатни комбинации за екстериерот и 128 милиони комбинации за ентериерот, а ќе бидат произведени само 150 примероци на Battista.

Клиентите ќе бидат поканети во реновираниот објект на Pininfarina во Камбијано за да го дизајнираат својот Battista модел во новото ателје каде се наоѓа и производствената лента.

Поврзани вести

Back to top button