fbpx

Pininfarina прослави 90 години автомобилска пасија и дизајн

Pininfarina е основана 22 мај 1930 година, а денеска претставува една од најкултните компании за автомобилски дизајн, но и ги прифаќа предизвиците на модерното доба

Компанијата Pininfarina е дел од историјата на италијанскиот дизајн и индустрија. Италијанците прославуваат 90 години постоење, но принудени се да го прослават својот голем јубилеј „онлајн“ поради пандемијата на коронавирусот. Основана на 22 мај 1930 година од страна на Батиста „Пинин“ Фарина како анонимна компанија за каросерија Pinin Farina, денеска компанијата базирана во Пједмонт, покрај делувањето во светот на автомобилизмот и индустрискиот дизајн, се прошири и во други области, но се уште го задржува својот идентитет. Како што вели претседателот Паоло Пининфарина, компанијата е „проектирана кон иновација“.

Pininfarina Anniversario

Естетика, елеганција, стил – Pininfarina го има својот потпис на некои од најиконските модели во историјата на авотмобилизмот и го претставува максималистичкиот експресионизам на италијанскиот дизајн. Овој дизајн останува во центарот на индустриската историја на компанијата, која минала низ добри и лоши времиња, секогаш извлекувајќи го „подоброто од сето тоа“. Како еден од историските моменти во компанијата, извршниот директор Силвио Ангори го истакнува моментот кога Батиста „Пинин“ Фарина ги дизајнирал вратите за Florida II во педесеттите години со неконвенционален начин на отварање, тој го осмислил начинот за полесно влегување во автомобилите, со Sigma Grand Prix тој целел кон безбедноста на возачите додека во 2000-тите години со Sintesi моделот компанијата го замисли автомобилот на иднината.

Pininfarina

Симбол за автомобилски дизајн

Резултатот на сето ова денеска е глобалното присуство на компанијата, супериорното експресионирање преку автомобилскиот стил и инженерство и етаблирана реалност во индустрискиот дизајн и архитектура. Компанијата денеска вработува 700 лица и има канцеларии во Италија, Германија, Кина и САД. Pininfarina денеска е дел од најпрепознатливите италијански брендови според Borsa Italiana заедно со уште 21 врвни и најдобри италијански брендови и компании.

Pininfarina Anniversario

Со цел да се прослави годишнината, компанијата создаде серија дизајни и соработки во првите месеци од оваа година кои ја носат Pininfarina кон нови можности во сите области на делување. Компанијата дополнително ја проширува својата понуда до автомобилските клиенти преку своите концепти, дизајни и реализации за кориснички искуства во форма на високо респонзивен, мулти-сензорен демонстратор наречен AutonoMIA кој беше претставен неодамна.

Исто така, Pininfarina започна стратегиско партнерство со Bosch и Benteler за да ги обезбеди автомобилските производители со нова модуларна електрична платформа. Комбинирајќи ја нивната автомобилска интеграциска експертиза, тоа им овозможува заеднички да се соочат со пазарот со комплетна понуда. Финалната цел е нов модуларен, специјално „скроен“ план за електрична мобилност развиен заедно со идните клиенти, кои исто така можат да сметаат на голем бенефит – уникатен стил потпишан од легендарната дизајнерска куќа Pininfarina.

 

Поврзани вести

Back to top button