Pirelli претстави гума со сензори која ќе се поврзува со интернет

Можноста за поврзување со интернет брзо се шири во автоиндустријата, а сега компанијата Pirelli произведе гума со исти можности која испраќа важни податоци

Поврзувањето со паметните телефони станаа пракса и секојдневна работа во автомобилите, овозможувајќи ви да ја слушате вашата омилена песна, или пак да ви послужи како навигација до вашата посакувана дестинација. Областа на безжичната динамика кај возилата досега забележа релативно мал број на иновации. Но, сето тоа се менува со италијанскиот производител на гуми Pirelli.

Новата гума на Pirelli содржи мал диск со големина на една монета во кој се сместени сензор, процесор и комуникациска електронија. Дискот собира клучни податоци и ги испраќа кон ECU единицата во автомобилот, но и кон други автомобили кои се во близина.

Доколку минете преку вир со вода, новата технологија ќе може да помогне да избегнете несреќа, но и да ги предупреди другите возачи зад вас за опасноста. Во случај сензорите во гумата да детектираат лоши услови за возење, ќе испрати податоци до ECU единицата која потоа ќе прилагоди мапирање на моторот, контрола на триењето, па дури и ќе го прилагодат системот на потпирање. Гумата ќе може да следи и други информации како што се длабочината на шарата, притисокот во гумите, температурата и слично.

Pirelli имаше успешен тест за новата технологија

Иако новата гума првенствено е наменета за патничка употреба, Pirelli сензорот го вгради и во сет P-Zero Trofeo гуми за високи перформанси. Сетот е ставен на Audi A8 на затворена тест паткеа, а гумите успешно детектираа вир и податоците ги испратија до Audi Q8 кој возеше зад A8. Q8 ги прими податоците преку 5G мрежа пред да дојде до вирот со вода.

Оваа технологија не е во целост имплементирана на патиштата, но нешто слично веќе се користи во камионската индустрија и им заштедува многу време на механичарите кои не мораат да го проверуваат притисокот во гумите бидејќи благодарение на технологијата знаат која гума ќе треба да ја напумпаат, а која да ја прескокнат.

Се очекуваат долгорочни тестирања, но веќе сега се чини дека новата „сајбер гума“ е голем чекор во зголемувањето на безбедноста на патиштата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close