fbpx

По подолго време, цените на горивата поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја

РКЕ со својата најнова одлука, согласно методологијата за пресметување на цените на горивата во нашата земја, ќе ги поевтини нафтените деривати во просек за 2,22 проценти во однос на цените кои беа поставени минатата недела.

По подолго време и низата поскапувања на горивата, РКЕ конечно ги поевтинува бензините. Имено, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за 1,5 денари, додека малопродажната цена на Еуродизелот се намалува за еден денар.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи за 71 денар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 73 денари, додека Еуродизел ќе чини 60 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на горивата на светските берзи бележат намалувања и тоа кај бензинот за 4,15 проценти, односно 4,2 проценти кај дизелот.

Поврзани вести

Back to top button