fbpx

Polestar 2 добива три нови верзии

Polestar ја проширува поставата на својата „двојка“ со претставувањето на три нови верзии, меѓу кои и две со единечен електромотор

Шведскиот производител на електрични автомобили ја проширува поставата на Polestar 2 со два нови погони, две нови батерии и проширена опција за дополнителна опрема, со што електричниот автомобил сега има почетна цена од 40.000 евра, благодарение на што е попривлечен за поголем спектар на купувачи.

Најголемата новост е верзијата со единечен електромотор кој ги придвижува само предните тркала. Со отстранувањето на задниот електромотор, моќноста на Polestar 2 изнесува 231 КС, што е далеку помалку од комбинираната моќност од 408 КС колку што изнесува кај Launch Edition варијантата со два електромотори. Уште поважно е што оваа верзија со еден електричен мотор ја задржува батеријата од 78 kWh, со што се добива опсег на движење меѓу 515 и 540 километри според WLTP циклусот.

Polestar 2

Верзијата со еден електричен мотор во Европа ќе биде достапен во две спецификации. Покрај погоре споменатата, во понудата ќе се најде и опција со 64 kWh батерија со моќност од 224 КС и 330 Nm, а ќе има опсег на движење помеѓу 420 и 440 километри според WLTP.

Нови пакети на опрема

За оние кои сакаат опција со два електромотори, но не и сите додатоци кои пристигнуваат со Polestar 2 Launch Edition, сега можат самите да си го персонализираат електричниот автомобил. Моќноста останува на 408 КС и автономија од максимални 480 километри, но купувачите ќе можат да изберат голем број на опционални пакети. Меѓу нив се и Pilot Pack кој содржи голем број на системи за асистенција и безбедност, потоа Performance Pack со кој се модифицира системот на потпирање и сопирачките, како и Plus Pack со кој се добива голем број на премиум карактеристики како панорамски покрив и греење на седиштата, WeaveTech веганските материјали за ентериерот.

Polestar 2

Од овие пакети, највпечатлив е Plus Pack кој вклучува механички унапредувања, благодарение на кои Polestar 2 може да добие до 10 проценти поголем опсег на движење во одредени ситуации, особено во студено време. Конкретно, тој ја користи амбиенталната температура заедно со преостанатата топлина од погонот со цел да ја намали потрошувачката на моќност од батеријата. Покрај тоа, технологијата се уште е во развој, што значи дека идните бежични унапредувања ќе го направат системот уште поефективен. Заедно со сето ова, купувачите на Polestar 2 во овој пакет ќе добијат и 19-инчни тркала, големи екрани на допир и технолошки додатоци како што е Google Assistant.

Зависно од изведбата, како и од избраните пакети, цената на Polestar 2 варира помеѓу 40.000 и 60.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button