fbpx

Porsche инвестира над шест милијарди евра во електрификација

Porsche објави дека до 2022 година, компанијата ќе инвестира повеќе од 6 милијарди евра во програмата за воведување на пазарот на електрифицирани автомобили

Од легендарната марка велат дека напорите на компанијата ќе бидат насочени како кон plug-in хибридни и целосно електрични пазарни предлози.

Според анализите и согледувањата нашите трошоци за електрификација треба да изнесуваат од околу три милијарди до над шест милијарди евра, коментира Оливер Блум, претседател на Управниот одбор на Porsche AG. – Заедно со развојот на нашите мотори со внатрешно согорување, со ова решение ќе трасираме важен пат кон иднината.

Porsche

Од Porsche коментираат дека околу 500 милиони евра од предвидената инвестиција ќе биде одвоена за развој на варијанти на Mission E и негови деривати, околу една милијарда евра ќе бидат насочени кон електрификација и хибридизација на актуелната палета на производи, неколку стотици милиони за проширување на производствените можности и околу 700 милиони за развој на нови технологии, инфраструктура и мобилност.

Porsche

Целосно електричниот спортски модел Mission E ветува моќност од 600 коњски сили, а од Porsche ветуваат можност за забрзување со него од 0 до 100 km/h за помалку од 3,5 секунди. Очекуваната автономија на сериската верзија на моделот е 500 километри, а при употреба на инсталација за брзо полнење, eлектромобилот ќе добие дополнителни 400 километри за само 15 минути.

Porsche

Porsche

Поврзани вести

Back to top button