fbpx

Porsche ги претстави новите 718 GTS 4.0 верзии на Cayman и Boxster

Porsche додава два спортски и високо перформансни модели во својот опсег на спортски автомобили со средно поставен мотор - 718 Cayman GTS 4.0 и 718 Boxster GTS 4.0

Неколку месеци минаа откако Porsche ги претстави најмоќните верзии на Cayman GT4 и 718 Spyder во историјата, напојувани со 4,0-литарски атмосферски бензински мотори. Иако со тоа оди спротивно на трендовите во автомобилската иднустрија, Porsche не само што ќе го задржи овој мотор, туку ќе го инсталира во уште два модели од 718 линијата. 718 Cayman GTS 4.0 и 718 Boxster GTS 4.0 се два нови спортски модели со средно позициониран мотор, кои комбинираат комфор и каратеристики кои обично се наоѓаат кај верзиите со GT4 ознаката.

Со 4,0-литарскиот агрегат незначително е намалена силата на 400 КС, но без оглед на тоа, перформансите се сепак за почит. До „стотка“ забрзуваат за 4,5 секунди, со максимална брзина од 293 километри на час. Тоа е само 0,1 секунда и 11 километри на час побавно во однос на GT4 верзиите, кај кои силата исто така се пренесува на задните тркала преку шестстепен мануелен менувач.

Porsche Active Suspension Management (PASM) е стандарден, исто како и Porsche Torque Vectoring (PTV) системот, односно Sport Chrono пакетот, кој сега поседува унапредена Porsche Track Precision апликација.

Покрај незначително „ослабениот“ мотор, двоецот од GT4 моделите го присвои и издувниот систем со двојни завршетоци на издувните цевки, кои доаѓаат со интегриран филтер за саѓи за бензинските мотори, но за среќа, звукот на боксер моторот не е компримитиран. Двата модели се поставени на 20-инчни тркала од лесни легури со сатенски-сјајна црна боја.

Двата модели доаѓаат со богат избор на опрема

Внатрешноста се одликува со темна Алкантара која создава спортски и елегантен амбиент. Материјалот се користи за централните панели на стандардниот Sport Seats Plus, како и на воланот, на централната конзола, на рачката на менувачот и на потирачите за рака на двете врати. Дополнителниот GTS пакет за ентериерот носи и нови бои – тука изборот е меѓу Carmine Red или Chalk, со кои се нагласуваат ретровизорот, безбедносните ремени, украсните шевови, вклучително и извезениот GMS амблем на потпирачите за глава и Porsche буквите на подот со црни граници. Елементите на панелот се направени во карбон, исто како и деталите на централната конзола.

Моделите 718 GTS 4.0 доаѓаат стандардно со Porsche Communication Management (PCM) со 7-инчен екран на допир со висока резолуција

За купувачите овие модели ќе бидат достапни од крајот на март 2020 година. 718 Cayman GTS 4.0 стартува со цена од 81.926 евра, додека 718 Boxster GTS 4.0 може да се добие за 83.949 евра.

Поврзани вести

Back to top button