Porsche го претстави освежениот Taycan со унапредени технологии

Porsche додаде голем број унапредувања за освежениот Taycan, кој во Европа ќе пристигне во септември, а Taycan Turbo S сега е уште побрз

Porsche Taycan за моделската година 2021 e официјално претставен, а на пазарот ќе се најде од средината на септември. Освежениот Taycan пристигнува со голем број унапредувања, додека пак перформансниот Taycan Turbo S сега е за 0,2 секунди побрз кога станува збор за спринтот од нула до 200 km/h, односно сега се потребни 9,6 секунди со активирање на Launch Control.

Електричниот седан сега добива и head-up екран во боја, кој ги проектира сите релевантни информации во видокругот на возачот, со достапно претходно сетирање на функциите, вклучително и навигациски екран, показател за моќност и user-defined прегледност.

Возилата кои се опремени со адаптивен воздушен систем на потпирање се карактеризираат со новата Smartlift функција која може да биде програмирана така што ќе го подигнува автомобилот автоматски при поголеми дупки или издигнатини на патот. Системот исто така може да ја прилагоди висината при возење на автопат, со што се овозможува најдобриот микс меѓу удобност и ефикасност.

Нови бежични унапредувања и полнечки опции

Сопствениците можат да добијат и повеќе системи за безбедност преку бежичните унапредувања благодарение на Function od Demand. Посебно од оваа функција се нуди и Plug & Charge системот со што се поедноставува полнењето на батеријата на јавните станици, а исто така се грижи за автентикацијата и плаќањето сам од себе.

Taycan

Новина за освежениот Taycan исто таке е и технологијата за зачувување на батеријата, која овозможува продолжување на животниот циклус на батеријата кај Porsche Taycan и го намалува губењето на моќноста при полнењето со регулирање на полнечкиот капацитет на прикладните полнечки станици на околу 200 kW. До оваа карактеристика може да се стигне преку централниот екран, но доколку возачите не сакаат да ја користат, тогаш полнечкиот капацитет до 270 kW останува стандарден.

Taycan

На крајот, седум нови бои за екстериерот се додадени во палетата, а тоа се Frozenberry Metallic, Mahogany Metallic, Cherry Metallic, Chalk, Coffee Beige Metallic, Neptune Blue и Ice Grey Metallic. Тие се придружувани со пет нови опции за ентериерот, како и опционалниот Carbon Sport Design пакет.

Поврзани вести

Back to top button