fbpx

Porsche го прослави роденденот на три легендарни модели

Култните модели на Porsche, 918 Spyder Concept, 993 911 Turbo и 718 RS 60 ги прославуваат своите родендени овој месец

Март секогаш бил посебен месец за Porsche и неговите љубители ширум светот. Иако оваа година беше откажан Интернационалниот Салон за автомобили во Женева, оваа манифестација има видено повеќе значителни дебија на Porsche, а последен таков е 918 Spyder концептот кој се појави пред 10 години. 25 години претходно вниманието беше насочено кон 911 Turbo од генерацијата 993.

Роденденот на овие два легендарни продукциски автомобили „паѓа“ во март, но и уште една, трета машина го дели местото под рефлекторите. Пред 60 години, 718 RS 60 тркачкиот автомобил се појави на сцената и ќе освои неколку значајни победи таа година. Така, со оглед на тоа дека трите легендарни возила на Porsche славеа роденден во исто време, требаше да се очекува и соодветна забава.

Краткото видео кое го објави Porsche одбележува дел од помпата и околностите кои се случија за оваа прилика. Во музејот на Porsche се одржа и специјална фотосесија на 918, 718 RS 60 и различни примероци на 993. Фотографиите од Porschе се уште не се достапни од овој настан, а со оглед на околностите ширум светот, веројатно нема да ги има и уште некое време. Но, за среќа тука е видеото „од зад сцените“ кое наложува дека фотографиите дефинитивно вреди да се почекаат.

Поврзани вести

Back to top button