Porsche Taycan ќе биде првиот EV на Hennessey

Porsche го претстави Taycan пред помалку од еден месец, а Hennessey веќе објавија дека моделот ќе стане нивното прво модифицирано ел. возило

Тјунинг компанијата со седиште во Тексас не откри повеќе детали за овој проект, но извршниот директор Џон Хенесеј рече: „Сметавме дека новиот Porsche Taycan е вистинската платформа од која може да се модифицира нашето прво електрично возило“.

Тој додаде дека измените ќе бидат релативно мали, бидејќи првенствено ќе бидат „едноставни“ промени. Џон Хенесеј не откри повеќе детали, но навести дека овие модификации ќе вклучуваат нови гуми и тркала, како и поагресивни предни и задни браници. Можеме да очекуваме и некои внатрешни надградби.

Taycan

Најавените измени засега отануваат во пределот на изгледот на Taycan, но Хенесеј посочи „ќе видиме што е можно да се направи и во смисла на додавањето на поголема моќност“. Се разбира, фановите ќе мора да се стрпат уште малку, бидејќи Hennessey нема да го добие својот Taycan до 2020 година.

Останува нејасно колку моќност би можел да произведе модифицираниот Taycan, но стандардниот Taycan Turbo има два електрични мотори кои развиваат од 671 коњски сили и го забрзуваат до 100 km/h за 3,2 секунди. Помоќниот Taycan Turbo S е уште посериозен бидејќи има комбиниран моќност од 751 коњски сили и 100ката ја достигнува за само 2,8 секудни.

Taycan

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close