Porsche Taycan ги надмина очекувањата со 30.000 нарачки

Taycan стана многу попопуларен од она што Porsche очекуваше. Во Европа, досега 30.000 клиенти покажаа интерес за купување на електричниот модел

Секој од заинтересираните клиенти извршил уплата од 2.500 евра за својот нов Porsche Taycan. Покрај тоа, една третина од нив имаат извршено нарачка според извршниот директор Оливер Блум, кој призна дека електричниот седан навистина ги надмина очекувањата на германскиот производител.

Taycan е веќе на пат кон дилерите ширум светот, а списокот за чекање на овој модел би можел да трае и неколку години, бидејќи компанијата планира да испорача 20.000 единици до 2020 година. Како и да е, производството во фабриката во Штутгарт може да се зголеми по следната година, со цел да се држи чекор со побарувачката.

Porsche Taycan

Како ривал на Tesla Model S, Porsche Taycan во својата најагилна форма, Turbo S, доаѓа со електричен мотор кој произведува 750 коњски сили и вртежен момент од 1,050 Nm со овозможена Overboost функција. Спринтот до 100 km/h го завршува за само 2,8 секунди, додека пак до 200 km/h забрзува за 9,8 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 260 km/h.

Со целосно полнење на батеријата, Taycan Turbo S има опсег од 412 километри според WLTP циклусот. Полнењето на батерискиот пакет од 93,4 kWh, до 80 проценти, со полнач од 270 kW, може да се изврши за 22,5 минути.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close