Porsche завршува со тестовите на Taycan

Тестовите на првиот електромобил на Porsche влегуваат во финален стадиум, соопштија од компанијата

Инженерите од Porsche го тестираат Taycan буквално по целиот свет, а вкупната километража на прототипи е неколку милиони километри. Од компанијата тврдат дека освен на тестовите во виртуелната средина, Porsche Taycan е подложен и на искушенија во сурови климатски услови. Според официјалното соопштение, прототипите се проверуваат на територијата на 30 држави, а опсегот на температурите е од -35 до +50 степени Целзиусови.

Во моментов Porsche Taycan може да биде виден во различни краишта на планетата – од САД до Кина и од Јужна Африка до Финска. Во непосредна близина на арктичкиот круг електричните модели се тестираат на многу снег и ниски температури, а во ОАЕ и Јужна Африка се проверува како се справува со долго патување при жешки температури.

Во соопштението се вели дека главен приоритет при тестирањата се батериите, кои треба да обезбедат не само лесна работа на електричниот мотор, но и да ја одржуваат потребната температура во внатрешноста. За време на тестовите акумулаторите на Taycan поминуваат низ 100.000 циклуси на полнење, а користат и различни технологии.

Премиерата на Porsche Taycan треба да се одржи на есен, а компанијата ветува дека електромобилот ќе забрзува од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди и ќе поминува околу 500 километри со едно полнење на батериите. Досега во Porsche добиле над 20.000 нарачки за моделот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close