fbpx

Поскапувањето делумно стивнува, повисоки цени само за бензините

Трендот на зголемување на малопродажните цени на горивата во Македонија делумно продолжува, бидејќи од ноќеска на полноќ поскапуваат единствено бензините

Регулаторната комисија за енергетика во нашата земја ја донесе својата најнова одлука кога станува збор за малопродажните цени на нафтените деривати. Согласно методологијата на пресметување на цените, РКЕ одлучи од ноќеска на полноќ повторно да ги поскапи горивата. Сепак, трендот на поскапување продолжува само делумно, бидејќи поскапувањето се однесува само на бензините.

Според најновата одлука, цените на горивата во нашата земја ќе се зголемат за 0,74 проценти во однос на минатата недела. Со други зборови, тоа значи дека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за половина денар, додека цената на дизелот останува иста како и во претходните седум дена.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ еден литар Еуросупер БС-95 ќе точиме за 71,50 денари, а Еуросупер БС-98 ќе чини 73,50 денари по литар. Од друга страна, цената на Еуродизел останува 63 денари за литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа кај бензинот за 1,47 проценти, односно 0,30 проценти кај дизелот.

Поврзани вести

Back to top button