fbpx

Премиера за новиот Porsche Taycan GTS

Porsche на Салонот во Лос Анџелес ја претстави најновата изведба на Taycan наречена GTS и пристигнува во две каросериски изведби

Германскиот производител го претстави најновиот додаток во семејството на Taycan кое го носи името GTS. Оваа верзија на електричниот автомобил на Porsche ќе пристигне во караванска и седан изведба. Караванската варијанта ќе го понесе името Sport Turismo, a заедно со седанот, ќе бидат достапни во GTS верзија од следната година.

Мешавина на лускуз и перформанси

Porsche ја нарекува GTS варијантата „оптимална комбинација на перформанси и луксуз“ и го дизајнираше ова ниво да биде поставено меѓу врвниот Taycan Turbo и 4S. Така, Taycan GTS испорачува 598 КС, а спринтот од нула до „стотка“ го достигнува за само 3,7 секунди, пред да достигне максимална брзина од 250 километри на час.

Porsche Taycan GTS

Дополнителната моќност доаѓа од стандардната 93,4 kWh Performance Battery Plus со 800-волтна архитектура која му овозможува на автомобилот да се справи со постојаната побарувачка, а притоа минимизирајќи го загревањео. Со полначка брзина од 270 kW, двата GTS модели можат да се наполнат од 5 до 80 проценти за само 22,5 минути.

Системот на потпирање и перформансната опрема се истите како кај Taycan Turbo, иако калибрацијата и подесувањето се специфични за GTS. Како стандард, новиот модел добива адаптивен воздушен систем на потпирање со паметно подигнување и менаџмент за активна суспензија. Технологијата за векторирање на вртежниот момент на Porsche исто така е стандарден дел од опремата, како и Sport Chrono пакетот и GT Multifunction управувачот.

Porsche Taycan GTS

Различни пакети

GTS моделите добиваат и уникатен Race-Tex пакет во ентериерот слично како кај останатите GTS варијанти од остатокот на поставата на Porsche. Возачкото и совозачкото седиште можат да бидат подесени во 18 насоки, а на предниот и задниот потпирач за главата се наоѓа GTS логото.

Опционалниот GTS Interior Package додава и шевови во Carmine Red или Chalk боја на контролната табла, вратите, потпирачите за рака, управувачот и седиштата, со соодветни појаси за заштита. Исто така додава и Sport Chrono инструмент табла и Porsche логото на патосниците. Тримот на управувачот, централната конзола и вратите се во мат карбон.

Однадвор, двата GTS модели добиваат специјална SportDesign предница и SportDesign странични прагови, со специјално GTS лого. Стандардните 20-инчни Taycan Turbo S Aero Design тркала добиваат ексклузивна сатенско црн финиш, додека 21-инчните RS Spyder Design тркала се достапни како опција. На крајот Matrix PDLS Plus фаровите се затемнети, а долнниот дел од капаците за ретровизорите се во боја на каросеријата, како контраст на црната база.

Taycan GTS Sport Turismo

Taycan GTS Sport Turismo е засилена верзија на караванската опција која беше претставена со Cross Turismo. За разлика од постоечкиот караван, бојата на спојлерот на задниот дел е во боја на каросеријата и нема пластична заштита над сводовите на тркалата. Моделот ги задржува истите димензии во ентериерот како и Cross Turismo. Тоа значи 455 литри багажен простор одзади, односно 1.212 литри со спуштени задни седишта. На предниот дел двата GTS модели добиваат 82-литарски дополнителен багажен простор.

Цената на новите Taycan GTS и Taycan GTS Sport Turismo ќе стартуваат од 131.834, односно 132.786 евра во Германија. Двете варијанти ќе се најдат во продажба на пролет 2022 година. Sport Turismo опцијата ќе добие и дополнителни моторни опции нешто подоцна.

Поврзани вести

Back to top button