Продолжува развојот на CNG технологијата на Seat

Преку технологијата на компримираниот природен гас (CNG), шпанскиот бренд ќе овозможи најширок избор на поеколошки, поиздржливи и поефикасни возила

Шпанскиот производител Seat активно работи на развој на технологијата за компримиран природен гас – CNG, со кој брендот ќе им пружи на своите корисници најголем избор на возила, кои се поеколошки, поиздржливи и ќе нудат уште поголема ефикасност. На оваа листа се наоѓаат Mii Ecofuel, Ibiza TGI, Arona TGI и Leon TGI, што значи дека CNG – асортиманот ќе нуди модели кои одговараат на сечиј вкус и животен стил.

Секое возило ќе биде дизајнирано и развиено во седиштето на Seat во Марторел, а ќе претставува чекор напред во развојната програма на фирмата. Исто така, со ова брендот има за цел да ги истакне и придобивките од користењето на компримираниот природен гас како примарно гориво, кое нуди намалено влијание врз животната средина, без притоа да го намали задоволството при возењето.

„Seat е посветен на зајакнување на CNG технологијата како одржлива алтернатива на конвенционалните фосилни горива. Таа дава можност да ги намали емисиите на CO2 без притоа да влијае врз примарните карактеристики на нашите возила“, изјави Лука де Мео, претседател на Seat.

CNG

Уредот за CNG допринесува кон намалување на CO2 емисијата за околу 25% во споредба со еквивалентен бензински погон. Новата TGI технологија, покрај еколошките и даночните придобивки, ќе овозможи и исклучително ниски трошоци за еден километар, кои во однос на еквивалентните бензински мотори се помали за 50%, а 30% во однос на дизел. Покрај ова, возниот опсег со овој вид на гориво е навистина задоволувачки, па така со еден целосно полн CNG резервоар, Ibiza и Arona ќе можат да поминат до 360 километри, додека пак CNG-опсегот кај Leon ќе достигне до 440 километри. Се смета дека овие се и повеќе од доволни вредности да се задоволат барањата на корисниците.

Новиот CNG систем функционира на следниот начин. Кај Mii Ecofuel, Ibiza TGI и Arona TGI се користат резервоари изработени од челик со висока цврстина, додека пак Leon е опремен со комбинација на еден мал челичен резервоар со висока цврстина и два големи резервоари, произведени во композитна конструкција од карбонски влакна, која ја намалува нивната тежина. Малиот резервоар е поставен пред задната оска, додека пак двата големи се лоцирани зад задната оска, со цел да ја оптимизираат дистрибуцијата на тежината.

Доколку надворешната температура падне под -10 °C, моторот ќе стартува во бензински режим, се додека гасните инјектори не ја постигнат работната температура, при што потоа се активира CNG колото. Прекинувачот автоматски се вклучува, а возачот не забележува никаква разлика во перформансите или динамиката на возилото. При нормални услови, овие модели на Seat користат бензин само како алтернативно гориво кога CNG резервоарите се празни, а покрај одличните CNG-опсези, потребата за користење на бензин би требло да биде ретка.

Новата CNG-верзија на Seat Leon се базира на MQB-A, а Ibiza и Арона ја користат MQB-A0 платформата. Овие платформи даваат поголема флексибилност во производството и посилна имплементација, како и постигнување на многу леснa, функционалнa и безбедна каросерија со огромна структурна ригидност. Сите верзии на TGI се во согласност со највисоките стандарди за безбедност при несреќи.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close