ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Производителот на електричниот i-Pace сака редефинирање на зборот „автомобил”

Jaguar води кампања за англискиот речник Oxford English Dictionary и Oxford Dictionaries да ја сменат официјалната дефиниција за зборот „автомобил”

Автомобилскиот производител рече дека целосно електричниот i-Pace, прецизно кажано, не е дефиниран како автомобил.

Oxford English Dictionary (OED), главниот историски речник на англиски јазик, во својот онлајн речник го дефинира „автомобилот” како: „друмско возило погонувано од мотор со внатрешно согорување, конструирано да носи возач и мал број патници, обично напред и назад има по две тркала, се користи за приватна, комерцијална или употреба за домување.”

За разлика од тековната дефиниција за „автомобил” на Oxford Dictionaries.com, кај збир од веб-страници на речници, произведени од Oxford University Press (OUP), кој е издавачката куќа на Универзитетот во Оксфорд, е: „Друмско возило, обично со четири тркала, погонувано од мотор со внатрешно согорување и може да носи мал број на луѓе.”

За да се поправи ситуацијата, Jaguar достави официјално барање до OED и Oxford Dictionaries.com за ажурирање на дефинициите, за да вклучат дополнителни погони, вклучително и електричните возила (EV).

EV

Дејвид Браун, шеф на именскиот комитет Jaguar Land Rover, рече: „Многу време и размислување е вложено во именувањето на секое ново возило или технологија за да се осигури дека се прифатливи и лесни за потрошувачите, па затоа изненадувачки е да се види дека дефиницијата за автомобилот е малку застарена. Оттаму ги покануваме Oxford English Dictionary и Oxford Dictionaries да ја ажурираат својата онлајн класификација, за да ја рефлектираат промената од традиционалните мотори со внатрешно согорување кон поодржливи погони.”

Oxford English Dictionary е широко прифатен како авторитет за англискиот јазик. Тој е ненадминат водич за значењето, историјата и изговорот на 600.000 зборови – минати и сегашни – од целиот свет што зборува англиски.

Речниците го разгледуваат барањето.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close