fbpx

Првиот SUV на Ferarri – хибрид со V8 мотор

Италијанскиот производител на спортски автомобили Ferrari разви хибриден погонски систем базиран на комбинација на бензинскиот мотор V8 и електромотори

Ова го потенцира претседателот на компанијата, Серџо Маркионе за Auto Express. Маркионе потврди дека системот е развиен за првиот кросовер на брендот, кој ќе има свое пазарно претставување веќе следната година.

 

V8

-Не е потребно веќе да се шпекулира, ви потврдувам дека кросоверот на Ferrari со хибридна технологија, каде основата ќе биде V8 моторот ќе биде на пазарот во 2019 година. Ние веќе сме подготвени за првите тестирања, во завршна фаза за оваа цел се направени неколку прототипи и започнуваме со испитувањата, истакна Маркионе.

За Италијанците тоа ќе биде втора хибридна енергетска единица после онаа на supercar изведбата LaFerrari, која се базира на V12 мотор. Првиот кросовер на Ferrari е одговор на Lamborghini Urus, како и новиот Bentley Bentayga – PHEV, која е претставена на салонот во Женева.

Според неофицијалните податоци, иднината на Ferrari ќе биде изградена на новата алуминиумска платформа, која ќе биде основа на новата суперѕвезда, наследник на Lusso GT4 моделот. Цената на SUV изданието, кое најверојатно брзо ќе стане најпопуларниот модел на Италијанците, ќе изнесува околу 300.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button