fbpx

PSA и Huawei со нови визии

PSA објави дека првиот автомобил на групата во која е интегрирана новата CVMP (Connected Vehicle Modular Platform) платформа, која ја користи технологија OceanConnect IoT на Huawei, DS 7 Crossback е веќе во понуда

Новата опрема на DS 7 Crossback, кој беше лансиран на кинескиот пазар во овој месец, ќе им овозможи на клиентите да добијат пристап до нови услуги, вклучувајки поврзана навигација, препознавање на гласовни команди на локален јазик, добивање на информации за состојбата на возилото со историја на патувањето директно на екранот на мобилен телефон и многу повеќе функции.

CVMP

Од PSA коментираат дека платформата CVMP ќе биде развивана постојано, а подоцна ќе бидат додадени нови функционалности, како инфо-забавно обезбедување, далечинска надградба за софтверот на возилото и навигациониот систем, воведување на персонален асист-состав, далечинска дијагностика и асистенција, системи за управување со возниот парк за комерцијални клиенти, вклучувајки ги и оние за компаниите кои се ангажирани во обезбедувањето на возила за заедничко патување.

CVMP

Во 2019 година, DS 7 Crossback кој е достапен во три бензински и две дизел верзии, ќе добие и plug-in хибридна изведба E-TENSE (100% електрични, хибридни и комбинирано) со погон на четири тркала и можност да поминете до 60 километри во чист електричен режим. Хибридниот погонски систем ќе биде конфигуриран од THP бензински мотор со максимална моќност од 200 коњски сили и два електромотори и вкупна моќ од 300 КС. Потребно е околу 4,5 часа за полнење на батеријата по поврзувањето со стандардната домашна електрична мрежа и околу 2,5 часа со систем за брзо полнење.

CVMP

Поврзани вести

Back to top button