fbpx

РЅА увезува повеќе бензински мотори од Кина

PSA Group го зголеми увозот на бензински мотори, произведени од страна на компанијата во Кина

PSA Group го зголеми увозот на бензински мотори, произведени од страна на компанијата во Кина, за да одговори на промените кај побарувачката на автомобили во Европа, бидејќи клиентите се повеќе избегнуваат дизел модели.

Информацијата е на францускиот финансиски дневен весник Les Echos, кој додаде дека во споредба со плановите за оваа и следната година увозот ќе е речиси двојно поголем. Peugeot и Citroen првично планирале да увезат 55.000, но поради зголемена побарувачка, договорот е зголемен на 100.000 бензински мотори. Од PSA одбија да дадат коментар на тврдења на весникот, кои предизвикаа загриженост кај клиентите дека може да купат нов автомобил со недоволно сигурен мотор, склопен во Кина.

PSA

Претходно оваа година PSA објави план според кој претстои реконструкција на дел од производствените капацитети на компанијата во Франција, каде наместо дизел мотори ќе започне составувањето на бензински мотори.

PSA е една од компаниите под истрага од француската обвинителство за прекршување на одредбите за максималното ниво на азотните оксиди кои лачат дизел моделите на компанијата. Другите компании кои се исто под истрага се FCA, Renault и Volkswagen. Истрагата покажала дека „шампиони“ при кршењето на еколошките норми се FIAT 500X и Jeep Cherokee, кои испуштаат над 11 пати повеќе азотни оксиди од нормите.

Поврзани вести

Back to top button