fbpx

Range Rover Evoque доби нови благи хибридни дизел мотори во Европа

Range Rover Evoque доби своевидно освежување за европскиот пазар со нови погонски опции и неколку нови технологии во внатрешноста

Evoque сега е достапен на европскиот пазар со два нови четирицилиндрични Ingenium дизел мотори кои содржат блага хибридна технологија. Првиот од овие два нови мотори испорачуваат 161 КС, додека вториот има поголема моќност со 197 КС.

Двата погони користат стартер мотор и батерија додека истовремено ја апсорбираат енергијата која се губи при забрзувањето со што повторно се напојува 48-волтната батерија на возилото. Како додаток на овие два нови благи хибридни дизел мотори, Range Rover ќе го продава унапредениот Evoque во P200, P250 и P300 варијанти.

Кога станува збор за внатрешноста, Evoque го добива новиот Pivi инфозабавен систем на Land Rover кој нуди бежични софтверски унапредувања. Исто така, ја содржи и апликацијата Spotify која е интегрирана директно во инфозабавниот систем и нуди Bluetooth конективност со два телефони истовремено. Купувачите сега ќе можат да го проверуваат и квалитетот на воздухот во кабината преку екранот на допир со активирањето на новиот Cabin Air Filtration систем.

Последните унапредувања кои се однесуваат на кросоверот се на Advanced Driver Assistance карактеристиките и вклучуваат Rear Collision Monitor кој користи радари за постојано да следи што се случува на задниот дел од возилото. 3D Surround камера исто така е додадена во автомобилот која функционира до 30,5 километри на час.

Evoque

Цената за унапредениот Range Rover Evoque во Велика Британија стартува од 32.100 фунти или околу 35.700 евра.

Поврзани вести

Back to top button