ВИДЕОНАСЛОВНАТЕСТОВИ

Тест Range Rover Evoque: Аристократ во урбан аутфит

Најновиот модел во гамата на Range Rover е вистински производ на урбаната култура, умешно спакувана мешавина на компактен автомобил со купе изглед чии теренски можности не смеат да се занемарат

Range Rover Evoque црпи сила од богатото наследството на марката воедно создавајќи сопствен, силен карактер кој за повеќето конкуренти сеуште останува само сон.

Британските автомобилски производители својата препознатливост ја имаат изградено врз традиционалните начела на аритократската култура со што возилата кои доаѓаа од островот се издвојуваа од производите на останатите компании. Исклучок не е ниту Range Rover кој со години создава луксузни теренци чии што изглед речиси останува непроменет и по неколку децениско егзистирање на пазарот.

Знаејќи дека структурата на купувачите константно се менува и дека во последно време богатата клиентела непрестано трага по возила што се идентификуваат со силен карактер и несекојдневна каросериска изведба, марката во својата гама го има компактниот SUV Evoque како модел кој цели кон помладата и активна публика.

Мајсторија во креирање

Постојат многу убави автомобилски соништа кој се претвораат во ноќна мора штом нивните креатори ќе се обидат да ги пренесат во реалниот свет, а моделот Range Rover Evoque е пример кој што успева таа трансформација да ја помине на совршен начин.

Надворешен дизајн 1/3 | RR-Evoque-crtez
Надворешен дизајн 2/3 | Range Rover Evoque
Надворешен дизајн 3/3 | Range Rover Evoque 

     

    Зборувајќи за визуелниот идентитет на автомбилот забележливо е дека во вистинска смисла го преставува значењето на зборот crossover, мешавина на линии кои се сретнуваат на купе автомобилите и оние кои ни се веќе познати од теренските модели.

    Уметноста во спојувањето на двата вида е изведено на мајсторски начин. Разгледувајќи го паркираното возило вниманието го привлекуваат дизајнерските движења кои се засебно интерпретирани на секој дел од надворешноста, тотално различни а сепак перфектно споени во една целина.

    Традиционалната маска на предниот дел е во согласно со имиџот на брендот, но е дополнително стилизирана во духот на новото време, испапчените делови над тркалата асоцираат на спортски автомобил, додека ниската поставеност на кровот и нејзината надолна линија го дополнува купе стилот.

    погледнете повеќе видео од тестот во нашата емисија

    Дизајнот на Evoque очигледно црпи инспирација од моделот Velar, што се забележува во обликот на светлосните групи и деталот кој особено игра голема улога во целиот надворешен изглед, а тоа се рачките за отворање на вратите. Тие се сосема рамни и слеани во самите врати, а при отклучување на возилото излегуваат од каросеријата и по завршување на својата работа повторно се вовлекуваат, момент кој на Evoque му дава високо ниво на софистицираност и го нагласува неговиот современ пристап на креирање. Аурата што ја поседува Evoque го следи на секој чекор, тоа најдобро се забележува во град каде безбројните љубопитни погледи едноставно се лепат на неговата мускулеста и манекенска става.

    Класа за себе

    Моделот Evoque иако најмал во гамата со изгледот на својата кабина носи нова динамика, свежина и сјај на марката, нешта кои најчесто се сретнуваат во поголемите модели. Комплетниот ентериер е класа за себе бидејќи покрај традиционалните елементи многу вешто во себе ја имплементира и најновата технологија.

    Мерните инструменти пред возачот го интерпретират новото време, затоа нивниот приказ е проектирани на голем прилагодлив дисплеј. Големиот дел од централната конзола го заземаат два мултифункционални екрани осетливи на допир преку кои се командува со аудио уредот, екстерните музички уреди, телефонот, климатизација, можноста за избор и режими на работа … и сè друго што може да замислите.

    RR-Evoque Clear-View-AP

    Употребата на технологијата не престанува тука, 4-тиот екран во внатрешноста е всушност ретровизорот кој преку системот наречен “ClearSight” со притискање на едно копче го трансформира конвенционалниот ретровизор во монитор со висока дефиниција кој ги прикажува случувањата зад возилото во кристално чиста слика.

    Место за отстапувања нема и кога говориме за просторот во кабината кој е прекриен со првокласни материјали, почнувајќи од облогата на предниот дел, елементите кои се имплементирани во централанта конзола па сè до високо квалитетната кожа што е употребена при обработката на седиштата, буквално сè одава впечаток на висок луксуз со препознатливиот призвук на британската аристократија.

    Просторот на предните седишта во Evoque е идеален додека најголемото изненадување доаѓа од задната клупа која располага со комодитетот што вообичаено не се сретнува во ваква компактната конструкција, што се должи на новата платформа, а во исто време не е заборавен ниту просторот за багаж кој има сосема солиден капацитет од речиси 600 литри.

    Ентериер дизајн 1/3 | RR-Evoque-crtez-enterier
    Ентериер дизајн 2/3 | Range Rover Evoque 
    Ентериер дизајн 3/3 | Range Rover Evoque

       

      Рафиниран баланс

      Кога говориме за моторот и трансмисијата мора да нагласиме дека во овој случај не станува збор за модел на Range Rover од кого треба да се очекуваа брилијантни теренски способности ниту пак огромен вртежен момент на големите V6 и V8 агрегати туку за рафиниран баланс што треба да овозможи квалитетно управување во секоја ситуација.

      Тестираниот примерок на Evoque поседуваше 2.0 турбодизел агрегат и тоа во моќна TD4 изведба. Веднаш по стартувањето на агрегатот се забележува неговата рафинираност, работењето во место е изненадувачки тивко иако агрегатот е сеуште ладен. Неговите 180 КС се расположени за галоп во секој момент, а 430 Nm се тука инстант да ја повлечат масата од преку 1,8 тони кога возачот ќе посака.

      Урбаната средина е неговиот дом каде што Evoque без проблем се снаоѓа како риба во вода. Нему ниту симнувањето од асфалтната подлога не го плаши, бидејќи покрај погонот на сите тркaла во себе пакува технологија „Terrain Response 2“ која овозможува да се избере една од предходно сетирани опции за пренос на силата во зависност од подлога по која се движи. А за прегледноста на подлогата да биде уште подобра, се грижи новиот приказ под возилото во линија на предните тркала, овозможувајќи лагодност при движењето.

      Range Rover EvoqueВо исто време крстарењето по брзите автопатишта се одвива на несекојдневно лесен и комотен начин, а ако има потреба, со секое притискање на акцелераторот го нагласува динамичниот дух кој го носи во себе. За одличните возни својства голема заслуга имаат беспрекорниот автоматски менувач со 9 брзини и потпирањето кое може да ги задоволи потребите на лицата кои претпочитаат да патувааат комфорно, но и на возачите чии крвни зрнца се мерат во октани.

      Во тек со новото време компактниот SUV поседува мек хибриден 48V систем што е поврзан со литиум – јонска батерија чиј капацитет изнесува 200 W и генерира сила од 140 Nm вртежен момент со кој помага при забрзување а воедно се грижи потрошувачката да ја држи под 10 литри на 100 изминати километри.

      Вака спакуваниот Evoque не доаѓа со ефтин пакет, секако тоа ниту е негова примарна цел. Самото име на беџот, стајлингот на екстериерот, материјалите кои се употребени за изработка, врвната технологија во изобилство, како и моторната опција од најновата генерација имаат своја цена, која за тест моделот изнесува 77.800 евра, а останатите верзии и цени видете ги во таблицата подолу.

       

      Технички податоци за Range Rover Evoque SE TD180 AWD Auto

      мотор Euro VI, дизел, четиритактен, четирицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
      работна зафатнина 1.999 см3
      пречник и од 83,0 x 92,35 мм
      степен на компресија 15,5:1
      напојување две брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа, common rail директно вбризгување на горивото, компресор, интеркулер
      максимална моќ 180 KС (132 kW) при 2.400 min/-1
      макс. вртежен момент 430 Nm при 1.750-2.500 min-1
      трансмисија на сите тркала преку 9-степен автоматски менувач
      потпирање напред MacPherson независен систем, назад мултилинк, спирални пружини, телескопски амортизери
      сопирачки напред и назад самовентилирачки дискови, ABS, EBD, ЕЅР, ТСЅ
      пневматици 245/45 R21 (напред) 245/45 R21 (позади)
      каросерија SUV со пет врати, пет седишта
      должина х ширина х висина 4.371 x 1.904 x 1.649 мм
      меѓуоскино растојание 2.681 мм
      траги (напред/назад) 1.626/1.632 мм
      тежина 1.831 кг
      максимална тежина 2.490 кг
      багажен капацитет 591 литри
      резервоар 65 литри
      максимална брзина 205 км/ч
      забрзување 0-100 km/h 9,3 секунди
      потрошувачка (отворен пат/град/просек) 5,1/6,7/5,7 л/100 км
      емисија на CO2 150 г/км

       

      Range Rover Evoque во Македонија

      Range Rover Evoque Base 2.0 eD4 FWD 150 PS M6 44.500 евра
      Range Rover Evoque HSE 2.0 Si4 AWD 200 PS A9 72.600 евра
      Range Rover Evoque R-Dynamic S 2.0 TD4 AWD 150 PS A9 61.900 евра
      Range Rover Evoque R-Dynamic HSE 2.0Si4 AWD 300PS A9 85.400 евра

      Повеќе информации во Аутомобили Гроуп или на тел. (02) 3093 024

       

      Конкуренти:

      Аudi Q5 oд 51.662 до 67.797 евра
      Jaguar E-Pace oд 43.900 до 70.300 евра
      Mercedes GLC oд 52.990 до 112.990 евра

       

      Разгледај ги нашите фотографии:

       

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Close