fbpx

Размислувајќи како купувач зад управувачот на Renault Austral

Renault неодамна го претстави новиот модел Austral кој наскоро ќе се најде во продажните салони ширум Европа

На тестирањата им се наближува крајот, а новиот Austral наскоро ќе се најде на патиштата. Стручњаците за проценка на возилата го тестираат возилото во реални услови со цел да ги дефинираат завршните дотерувања.

Работата на автомобилот како што е новиот Austral подразбира соработка на сите тимови на развојот на неговите карактеристики. Листата на овие карактеристики е долга, разновидна и допира во сите подрачка – управливоста, удобноста, сопирањето, перформансите, потрошувачката, ергономијата, поврзаноста и друго. Секоја функционалност мора да ги задоволи целите кои се јасно дефинирани од самиот почеток, а се однесуваат на очекувањата и потребите на целните купувачи. Притоа, во предвид се зема ветувањето на брендот кое овој бренд треба да го потврди, како и обележјата на сличните возила на другите производители. На крајот, дизајнирањето на возилото значи поставување на квантитативни и квалитативни цели за секоја функционалност и мерење на исполнителноста на тие цели во сите фази од развојот. Од почетокот до крајот на продажбата, финалниот производ мора да делува привлечно и на купувачите и на брендот како и да претставува рационален избор.

Строгото око на стручњаците

Фредерик и Бенжамин се стручњаци задолжени за проценката на новиот Renault Austral. Фредерик е член на Одделението за планирање на производи во Renault Групацијата, одговорен за дефинирање на трендовите и одредување на целните купувачи и карактеристики за секое ново возило. Бенжамин, од друга страна, доаѓа од одделението за инженеринг на Renault Групацијата, посветено за пронаоѓање на технички решенија за новите возила како што е Renault Austral. Заедно со тим инженери, Бенжамин се грижи сета технологија во возилото да функционира технички беспрекорно.

Бенжамин и Фредерик се занимаваат со различни работи, но нивните должности се преклопуваат во едно важно подрачје – размена на неутрални и објективни информации за возилото кое се тестира. Тие се оние кои се ставаат во позиција на купувачите со цел да проверат дали карактеристиките на Renault Austral ги исполнуваат зацртаните очекувања.

„Секој пат кога ќе седнам зад управувачот на прототипот се обидувам да се ставам во позиција на купувач, да се чувствувам и да го видам истото што и потенцијалните купувачи“, вели Фредерик.

„За да ја извршиме задачата, разменуваме објективни мислења кои ги формулираме на мошне аналитички начин. Мораме да знаеме како да ги изложиме своите впечатоци и да ги поткрепиме со факти од секое испитано подрачје, како што се системот на потпирање, управувањето, сопирањето и перформансите“, истакна Бенжамин.

Со месеци зад управувачот на Austral

Кога соработуваат со своите колеги инженери, Фредерик им ги пренесува техничките спецификации кои, во согласност со основните очекувања на целните купувачи, се дефинираат за секое возило. Фредерик не е директно вклучен во техничкиот дизајн на самиот модел, што значи дека може независно да го проценува напредокот на секој проект кој го надгледува. Во проектите се вклучува редовно или по потреба со цел стручно да ги претстави своите впечатоци. Во случајот со новиот Austral, Фредерик ги дели своите анализи со Бенжамин и неговиот тим.

Бенжамин, од друга страна, секојдневно го контролира и насочува техничкиот развој на новиот Austral. Заедно со својот тим гарантира за техничките решенија кои ќе се имплементираат во возилото. Во таа смисла секојдневно е вклучен во дефинирањето и проверката на релевантноста на избраните технички решенија. Бенжамин, исто како и Фредерик, е одговорен за тестирање на конечниот производ во реални услови и од аголот на купувачот.

Во различни фази од проектот често се јавуваат разлики во перцепцијата и мислењето кои можат да влијаат на конечниот развој на поедини функции. Впрочем, остварувањето на почетните цели може да доведе до технички потешкотии или неочекувани доцнења во реализацијата, па дури и дополнителни трошоци. Ниту Austral не е исклучок. Но, работата во тандем носи одредена предност – стручњаците за тестирање можат правовремено и помудро да сугерираат одредени корекции. Заедно можат да пронајдат многу позрели решенија. Кога тимот од само едно одделение би го спроведувало ваквите тестови, тие веројатно би биле помалку ефикасни – не би имало ниту голема потреба за строги компромиси, со оглед на тоа дека од почеток би имало помалку предизвици.

Секојдневно соочување со големи очекувања

„Вистина е дека многу расправаме. Но, таква е нашата работа – поинаку и не може да биде. Најважно од се е одлуката која ќе ја донесеме да биде во најдобар интерес на купувачот. На крајот секогаш доаѓаме до компромисно и вистинско решение за нашите купувачи. Морам да кажам дека тоа не е секогаш лесно да се постигне, но еднаш кога ќе успееме, чувството е фантастично“, додава Бенжамин.

Со оглед на тоа дека Фредерик и Бенжамин се инженери по струка, нивното стручно образование им овозможува аналитички да дојдат до субјективен впечаток стекнат при тестирање на некои функции.

„Ако возилото кое го тестираме не ги исполнува некои од зададените критериуми, слободни сме да дадеме негативна оценка. Тоа значи дека прототипот не може да прејде во следна фаза од развојот додека инженерските тимови не го прилагодат“, додава Фредерик.

Во пракса, препораките кои ги даваат се упатуваат кон раководните одделенија во компанијата со цел тимот кој управува со проектот да ги отстрани постоечките пречки или да направи одредени компромиси. Тоа е тешка задача за сите. Бенжамин и Фредерик повеќе од половина од своето работно време го минуваат тестирајќи прототипи во реални услови.

Улогата на прототипот

Работата на проценката на идното возило започнува отприлика 18 месеци пред официјалното претставување на автомобилот. Самата постапка почнува со испитување на тестниот модел кој се заснова на постоечкото возило, но од него се разликува во конструкцијата како и новите компоненти и делови. Овие таинствени возила се истакнуваат со изменета каросерија и други видливи разлики, обично со простор меѓу тркалата и меѓуосовинското растојание, но и покрај тоа е тешко да се идентификуваат. Привлечно камуфлирани и вешто составените тестни модели, овие технички хибриди се тестираат до крајни граници. 12 месеци пред почетокот на продажбата возилото се повеќе се тестира во реални услови и постепено го поприма стилот и структурниот дизајн сличен на оној кај серискиот модел. Во последната фаза од развојот прототипот речиси во целост го поприма изгледот на серискиот модел и врз нив се спроведуваат завршните испитувања за складност.

Поврзани вести

Back to top button