fbpx

Редизајнираниот Maserati Quattroporte „уловен“ на шпиунски фотки

Редизајнираното издание на најголемиот и најлуксузниот модел на италијанскиот производител Maserati би требало да се појави во продажба во втората половина од годината

Во настојувањето да го задржи интересот на купувачите, италијанскиот производител Maserati константно ги освежува своите модели од актуелната понуда, кои од 2022 година ќе бидат заменети со целосно нови, претходно најавени модели, според плановите на FCA објавени во 2018 година.

Низ процес на рестилизација во моментов се наоѓа најголемиот и најлуксузниот модел Quattroporte, а адутот на Maserati кој ќе биде конкуренција на BMW Серија 7 и останатите слични модели, ќе им биде достапен на купувачите во втората половина на годината. Прототипот кој е „уловен“ на шпиунските фотографии на себе има блага камуфлажа кој не го сокрива голем дел од дизајнот. Освежениот Quattroporte со себе ќе донесе редизајнирани куќишта на предните и задните светла, поинакви браници, ревидирана предна решетка и новодизајнирани фелни, а помали промени се очекуваат и во патничката кабина.

Maserati

Покрај евентуалните мали унапредувања на актуелните 3,0-литарски турбодизелски и турбобензински V6 мотори и 3,8-литарскиот турбобензински V8 мотор кои се задолжени за напојувањето на четиривратниот Maserati, не би требало да има некои големи новости под хаубата, бидејќи поголемите промени кога станува збор за погонската група сепак се резервирани и се очекуваат во новата генерација на Quattroporte, која неофицијално, би можела да добие и целосно електрична верзија.

Освежениот Quattroporte треба да остане во продажба околу две години. Во одреден момент во 2022 година, Maserati се очекува да го објави целосно новиот наследник, но и во случај да не пристигне во целосно електрична форма, како што е напоменато погоре, со сигурност ќе има некаков вид на електрифицирана верзија.

Поврзани вести

Back to top button