fbpx

Регулаторна ги намалува цените на горивата

По серијата поскапувања во изминатиот период, Регулаторна комисија одлучи од ноќеска на полноќ минимално да ги намали цените на горивата во нашата земја

Регулаторна комисија во изминатиот период наметна еден тренд на поскапување на цените на горивата поради ситуацијата со нафтата на светскиот пазар, но од ноќеска на полноќ горивата, по подолго време, нема да поскапат, туку напротив, ќе поевтинат. Со својата најнова одлука, РКЕ ја намалува продажната цена на нафтените деривати во нашата земја во просек за 1,35 проценти во однос на минатата недела.

Во превод, ова значи дека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и Еуродизелот, од ноќеска на полноќ ќе се продаваат за половина денар поевтино од претходно.

Според ова, во текот на следната недела, за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме 67 денари, за Еуросупер БС-98 69 денари, додека Еуродизел ќе чини 56,50 денари по литар наточено гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа кај бензинот за 1,595 %, а кај дизелот за 2,875 %.

Поврзани вести

Back to top button