Регулаторна со потврда и нова измена на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ја донесе својата најнова одлука кога станува збор за малопродажните цени на горивата во Македонија

Откако минатата недела (22 јануари) беше донесена вонредна одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја по укинувањето на дополнителната акциза, Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука ги потврди овие цени кои ќе важат од вечерва на полноќ, па се до следниот понеделник.

Единствената промена со најновата одлука на Регулаторна се однесува единствено на цената на Еуродизел, кој од вечерва на полоноќ ќе биде поевтин за половина денар, па така сега еден литар гориво ќе се точи за 52 денари. Цената на Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 останува непроменета во однос на последната вонредна одлука, а тоа значи дека бензините ќе се точат за 63, односно 61 денар по литар гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,099%, а кај дизелот има намалување за 1,215%.

Поврзани вести

Back to top button