Рекорден пад на цените на горивата во државава!

Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни услуги донесе одлука за рекордно намалување на малопродажните цени на горивата во Македонија

Регулаторната Комисија донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати во просек од речиси 14,54 проценти во однос на цените кои беа утврдени согласно одлуката на 09.03.2020 година. Причина за намалувањето на цените на горивата е драстичниот пад на цените на нафтата на светските берзи, односно нарушениот баланс на понудата и побарувачката на нафтата и нафтени производи во светот поради пандемијата на коронавирусот.

Тоа значи дека од вечерва по полноќ, односно од 17.03.2020 година, малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се намалат за 7,50 денари по литар, односно ќе изнесува 54,50 денари за литар Еуросупер БС-95, односно 56,50 денари за литар Еуросупер БС-98. Цената на Еуродизел ќе опадне за 6,00 денари со што новата цена на дизел горивото од вечерва на полноќ ќе изнесува 48,50 денари по литар.

Ова претставува рекорден пад на цените во нашата држава, откако Регулаторната комисија денеска ги објави новите цени на горивата, напоменувајќи дека цените на горивата се на најниско ниво во нашата држава споредено со земјите од регионот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close