fbpx

Renault 5 Prototype е концепт на годината

Renault 5 ја освои наградата за најдобар концепт на осмото издание на Изборот за концептен автомобил на годината во организација на Car Design

Во рамките на осмото издание на Изборот за концептен автомобил на годината, во организација на Car Design, наградата за концепт на годината замина кај новиот и целосно електричен Renault 5 Prototype. Жирито составено од дизајнерските директори на најголемите автомобилски брендови одлучи дека модерната реинтерпретација на култниот автомобил е најдобриот концепт на годината.

Целта на Renault 5 Prototype е да ја покаже посветеноста на француската марка кон својата визија да ги направи електричните автомобили достапни до што е можно поширок круг на европски купувачи. Дизајнерите на Renault сакаа да дизајнираат нов популарен, есенцијален автомобил, како што е случајот и со легендарниот претходник кој своевремено важеше за еден од најпопуларните модели на Стариот континент. R5 е компактен крадски автомобил кој има за цел да го предводи Renault во новата автомобилска ера со 100 проценти електрична современост.

Renault 5 ги одмери силите со конкурентските концепти кои автомобилските производители ги претставија во периодот од март 2020 до март 2021 година.

„Оваа награда за концептен автомобил на годината од Car Design, која на Renault 5 Prototype му ја додели жирито составено од дизајнерски директори на водечките автомобилски производители има посебно значење за дизајнерскиот тим на нашата компанија. Навистина сме горди на наградата. Горди сме и на искажаниот интерес на медиумите и јавноста за новиот R5 Prototype, бидејќи екстериерот ќе биде повеќе од 90 проценти верен на оној кој беше кај серискиот автомобил“, истакна Жил Видал, дизајнерскиот директор на Renault.

Прототипот за новиот и целосно електричниот R5 беше претставен на почетокот од оваа година, а сериски произведеното возило од овој проротип ќе биде претставено до 2024 година.

Поврзани вести

Back to top button