fbpx

Renault дефинитивно ја оживува „четворката“

Уште од претходно беше најавувано дека француската сака да ги врати во живот своите легендарни модели, поради што на сцена се враќа Renault 4

Извршниот директор на Renault, Лука Де Мео, во рамките на новиот Renaulution план најави враќање на некои од легендарните модели на француската марка. Целта е тие модели да бидат целосно електрични автомобили, а токму тоа се случи со легендарниот Renault 5, кој повторно ќе оживее во електрична варијанта. Но, Renault не застанува тука, бидејќи во нивните планови е вклучено враќањето и на Renault 4.

Францускиот производител оваа година ја одбележува 60-годишнината од појавувањето на легендарната „четворка“, која во периодот од 1961 до 1992 беше произведена во повеќе од 8 милиони примероци. Оттаму и шансата да се прикаже и концептот на модерната итерација со електричен погон. Ова го потврдува и новото лого кое е подготвено специјално за овој модел, а сега се појави во јавноста. Логото е во ист стил како она кое се појави кај новиот R5 прототип.

Според некои најави, Renault новата и модерна „четворка“ би можел да ја претстави во ноември оваа година, за кога е закажан специјалниот настан во чест на овој модел, а тоа би било и најава за економски прифатливо електрично возило инспирирано од некогашниот Renault 4, кое ќе го понесе и истиот назив.

Треба да пристигне до 2025

Овој автомобил би можел да ја користи CMF-B платформата, која ја користат Zoe и новата „петка“, и би бил дел од плановите на Renault до 2025 година да претстави седум нови целосно електрични модели. Токму Renault 4 би требало да одигра клучна улога во овој план на фанцуската марка. Од друга страна, според некои информации на француските медиуми, новиот модел ќе се користи како комерцијално возило, а други истакнуваат дека ќе добие и патничка верзија.

Производителот се уште официјално ги нема соопштено плановите за оживување на „четворката“, но веќе се појавија голем број на шпекулации дека моделот ќе биде пласиран како уште еден мал ЕВ. Со оглед на тоа дека Renault 5 EV се очекува да пристигне до 2023, електричната „четворка“ би можела да пристигне нешто подоцна.

Поврзани вести

Back to top button