fbpx

Renault ги претстави хибридните Clio E-Tech и Captur E-Tech

Францускиот производител на Салонот за автомобили во Брисел премиерно ги претстави хибридните варијанти на моделите Clio и Captur

Двете возила ја носат ознаката E-Tech, со тоа што Clio е стандарден хибрид, додека Captur е plug-in верзија. Хибридниот Clio, како што велат од Renault, носи големи заштеди во потрошувачката на гориво, а самиот систем е заштитен со повеќе од 150 патенти.

Хибридниот систем е базиран околу специјалната DHT трансмисија која делова на 1,6-литарскиот бензински агрегат и два електромотори. Оваа верзија на Clio користи батерија од 1,2 kWh, па целиот автомобил е само 10 килограми потежок од дизел верзијата.

e-tech

Renault наведува и дека Clio E-Tech има до 40 проценти помала потрошувачка на гориво во урбан циклус, во споредба со класичното Clio со SUS мотор. Исто така, соопштено е дека хибридното Clio е во состојба поголемиот дел од времето, поточно 80% од употребата во градска средина ќе користи само електрична енергија. Clio E-Tech емитува помалку од 100 грама CO2 по километар, а може да достигне брзина од 70 до 75 километри на час користејќи само електрична енергија. Овој хечбек е способен да забрза до 60 километри на час без употреба на конвенционалниот мотор.

Почеток на електрификацијата на Renault

Captur E-Tech користи plug-in хибридна поставка. ВО игра исто така е 1,6-литарски атмосферски бензинец, но тука е и поголемата батерија од 9,8 kWh со можност за надворешно полнење, а комбинираната сила изнесува 160 КС. Renault наведува дека ваквиот Captur е во состојба да мине 50 километри користејќи само електрична енергија, а максималната брзина во таква состојба е 136 километри на час. Французите тврдат и дека хибридниот SUV емитува само 34 грама CO2 по минат километар, а потрошувачката на гориво е само 1,5 литри на 100 километри.

E-Tech

Треба да се напомене дека Renault Captur E-Tech и Renault Clio E-Tech имаат и суптилни промени на стајлингот во споредба со класичните верзии, а располагаат и со побогата опрема. Французите најавуваат дека наскоро ќе го претстават и Megane E-Tech со plug-in хибриден погон.

Претставените хибридни модели се вовед во почетокот на електрификацијата на Renault кој сака до 2022. година да пласира 8 целосно електрични возила и 10 хибридни автомобили.

Поврзани вести

Back to top button