Renault Megane R.S. Trophy-R: Новиот господар на Нурбургринг
Renault излезе со соопштение за новата специјална верзија Megane R.S. Trophy-R и најави дека сагата започната за моделот пред 15 години има нова разврска во форма на нов рекорд на легендарната патека Нирбургринг
Специјалното ограничено издание на Renault Megane R.S. Trophy-R, која ќе биде пуштена во продажба пред крајот на оваа година, доаѓа со познатиот од Megane R.S. Trophy мотор со 300 коњски сили, но тежи околу 130 килограми помалку. Други сериозни промени, инженерите на Renault внеле во аеродинамиката на возилото, како и на суспензијата, а за ова се потпирале на соработката со лидери во своите области како Akrapovič, Brembo, Bridgestone, Öhlins и Sabelt.
Новото најдобро достигнување на Нурбургринг снимено од Megane R.S. Trophy-R е 7 минути 40,1 секунди (20,6 километри) и 7 минути и 45,389 секунди на целосната патека (20,8 километри).