Renault и Nissan со догоовр како да го заменат Гон

Извршните директори на Renault, Nissan и Mitsubishi Motors заедно ќе ја раководат алијансата, со тоа што ќе си ги поделат обврските на Карлос Гон

Ова беше јасно на средбата меѓу тројцата извршни директори одржана во Амстердам. Идејата на Renault беше вториот човек на компанијата – Тиери Болоре, кој привремено го презеде местото на Гон како извршен директор, да ги преземе и неговите функции на чело на Алијансата. Сепак, Nissan не се согласи со таквото дејство, а со тоа сака да стави крај на контролата на францускиот производител.

Според договорот од 2002 година, алијансата е предводена од главниот извршен директор на Renault – позиција која беше заземена од Гон.

Причината е дека Французите имаат 43 % од Nissan, што им дава право на глас при одлучувањето. И според внатрешните прописи, Renault мора да назначи извршен директор и претседател на одборот на директори. Во исто време Јапонците имаат само 15% кои се без право на глас, но можат да изберат заменик-претседател на одборот на директори.

Тиери Болоре |

Гон
Тиери Болоре
Хирото Саикава |

Гон
Хирото Саикава
Осаму Масуко |

Гон
Осаму Масуко

    На крајот тројцата шефови – Тиери Болоре (Renault), Хирото Саикава (Nissan) и Осаму Масуко (Mitsubishi) се согласија да не се прават промени во капиталната структура на концернот и во неговото управување. Тројцата ќе работат во иста насока, бидејќи нивната главна идеја е алијансата да продолжи да функционира нормално.

    Самата средба траеше малку повеќе од еден час, а на неа исто така биле разгледани операциите на алијансата во сферата на мобилноста, регионалниот развој, научно-истражувачката дејност и бизнисот во Русија.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Back to top button
    Close