fbpx

Од Renault и Nissan негираа дека го купуваат државниот удел

Цената на акциите на Renault скокна на берзите за 13%, откако агенцијата Reuters објави дека таквите преговори веќе течат и се очекува Nissan да купи поголем дел од 15 отсто од акциите на француската држава во Renault

акциитеСпоред претходните информации, преговори имаше на иницијатива на големиот шеф на Renault-Nissan, Карлос Гон, а тој и напомена дека со купување на акциите француската држава нема да може да го контролира Renault, а тоа ќе го отвори патот за поблиска соработка со Nissan. Според извори на Reuters, сепак вака поставените работи не се сигурни за Алијансата, бидејќи се уште не добила одобрение од државата.

И кога тоа ќе се случи, купувањето на уделот на државата мора да биде многу добро избалансиран меѓу јапонските и француските инвестиции. Извори од компанијата соопштија дека Гон понудил и привремена структура за управување со Renault, Nissan и Mitsubishi, всушност тоа ќе биде вовед кон трансформирање на компанијата во глобална автомобилска група со седиште во Амстердам.

Ова сигурно ќе биде чувствителна тема за француските политичари.

Поврзани вести

Back to top button