fbpx

Renault склучи партнерство со STMicroelectronics

Renault ја најави својата нова соработка со француско-италијанската компанија за електроника STMicroelectronics за развој на микрочипови за поефикасни ЕВ и хибриди

Глобалниот недостиг на микрочипови и полупроводници се покажа како сериозен проблем за автомобилската индустрија. Со оглед на тоа дека се повеќе вакви делови се користат за новите автомобили, а производството на истите запре на одреден временски период поради корона кризата, автомобилските компании се соочија со хроничен проблем. Но, Renault пронајде решение и склучи ново партнерство со компанијата STMicroelectronics.

„ST и Renault групацијата споделуваат заедничка визија за поодржлива мобилност. Ова партнерство ќе биде еден чекор понапред кон прогресивниот декарбонизациски процес инициран од автомобилската индустрија и ланецот на снабдување“, изјави Жан Марк Шери, извршен директор на STMicroelectronics.

Оваа компанија стана позната во автомобилските кругови пред се благодарение на Бенедето Виња, еден од водечките луѓе во компанијата, кој неодамна се пресели во Ferrari и стана извршен директор на славниот италијански производител.

Поголема ефикасност на електричните автомобили

Инаку, интересот на Renault во соработката со STMicroelectronics е фокусирана на долгорочна набавка на микрочипови на кои двете компании ќе работат заедно почнувајќи од дизајнот, преку развојот, па се до производството. Со ова, Renault очекува значително да го зголеми опсегот на движење на своите електрични автомобили и времето на полнење со намалување на загубата на моќ и зголемувањето на ефикасноста.

„Ова партнерство ги обезбедува идните снабдувања на клучните компоненти кои значително ќе придонесат за намалување на потрошената енергија за 45 проценти и намалувањето на цената на електричните погони за 30 проценти, со што ќе ни помогне да ги достигнеме нашите амбиции за создавање на достапни електрични возила, кои ќе бидат профитабилни и популарни“, изјави извршниот директор на Renault, Лука де Мео.

Овој потег е дел од широките амбиции на групацијата Renault кога станува збор за електрификацијата и карбонската неутралност. Групацијата најави дека има за цел да стане карбон неутрална во Европа до 2040, а на глобално ниво до 2050 година. Renault исто така планира да споделува повеќе ЕВ компоненти со својот партнер Nissan.

Поврзани вести

Back to top button