fbpx

Renault со нова галерија ја најави продажбата на Arkana

Renault ги отвара нарачките за новиот SUV Arkana ширум Европа овој месец, а моделот на овие простори ќе го носи името Megane Conquest

Францускиот производител пред извесно време го претстави новитетот во својата постава, моделот Arkana, кој добива европски спецификации. Ова е модел кој пред две години се појави на рускиот пазар, а сега ќе биде достапен и за европските купувачи. На нашите простори, овој модел ќе го носи името Megane Conquest.

Arkana

По премиерата минатата година, сега Renault и официјално го најави почетокот на продажбата, а нарачките ќе бидат отворени овој месец. Новата Renault Arkana, односно Megane Conquest, е поставена на CMF-B модуларната платформа. Истата онаа која се користи од страна на актуелните Renault Clio и Captur.

На европскиот пазар, Renault Arkana ќе се нуди исклучиво со хибриден погон. E-Tech хибридната поставка е сочинета од 1,6-литарски четирицилиндерски бензински мотор кој испорачува 91 КС во комбинација со два електромотори за комбинирана моќност од140 КС. Според Renault, ова му овозможува на кросоверот да движи во целосно електричен режим до 80 проценти од времето во текот на градското возење.

Во понудата ќе се најдат и два микро хирбидни погони. Тие се одликуваат со 1,3-литарски четирицилиндерски турбо бензински единици во комбинација со EDC автоматска трансмисија со двојна спојка и алтернатор-стартер систем во комбинација со 12-волтна литиум-јонска батерија. Базичната варијанта на овој мотор ќе испорачува 138 КС, додека најмоќната ќе има 158 КС. Сепак, оваа варијанта ќе биде лансирана во октомври.

„Arkana е уште еден пример за тоа како модерноста и иновацијата се вградени во ДНК-та на Renault. Станува збор за хибрид на секое ниво. Притоа, совршено се вклопува со кодовите на SUV модел со позитивнa спортска привлечност, комбинирајќи чувствителност со разноликост. Носи свеж поттик во мејнстрим сегментот на компактни SUV модели кои се јадрото на европскиот пазар. Моторите со хибридна технологија на Arkana се очигледно напредни и нудат уникатно возачко искуство. Со иновативниот E-Tech хибриден систем на врвот од понудата, се гарантира возачко задоволство во комбинација со намалена емисија на CO2 и унапредена ефикасност во потрошувачката“, изјави програмскиот директор на Arkana, Франсоа Лорен.

Со цел да го прослави лансирањето на продажбата на Arkana, односно Megane Conquest, Renault лансираше нова галерија од автомобилот.

Поврзани вести

Back to top button