fbpx

РКЕ ги намалува цените на бензините

Регулаторната комисија за енергетика по минатонеделното поскапување, сега се одлучи да ги намали малопродажните цени на бензините во нашата земја

Со својата најнова одлука, Регулаторната комисија за енергетика, ќе ги намали цените на бензините во Македонија од ноќеска на полноќ. Според ова, во согласност со методологијата за пресметување, во текот на следната недела малопродажната цена ќе опадне за 0,76 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.

Оваа одлука на РКЕ ќе ги опфати бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, чија цена од вечерва на полноќ се намалува за половина денар, додека цената на Еуродизел останува непроменета, исто како и минатата седмица.

Со оглед на ова, Еуросупер БС-95 ќе се точи за 67 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари за литар гориво. Од друга страна, Еуродизел останува на 58 денари.

Од РКЕ напоменуваат дека Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,044%, а кај дизелот за 0,121%.

Поврзани вести

Back to top button