fbpx

РКЕ ги утврди новите цени, горивата пак поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на горивата

Трендот на поевтинување на горивата во земјава продолжува. Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени, реши да ги намали истите во просек за 0,89 проценти во однос на одлуката која ја донесе на 22 јули.

Според најновата одлука, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, заедно со Еуродизелот, повторно поевтинуваат, и тоа бензините за еден денар, додека дизелот за денар и половина.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ, за литар Еуросупер БС-95 ќе треба да издвоиме 95,50 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 98 денари, а за секој наточен литар Еуродизел ќе мораме да издвоиме по 96 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на горивата на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,05 проценти, а кај дизелот за речиси 1,6 проценти.

 

Поврзани вести

Back to top button