fbpx

РКЕ ја намалува цената на бензинот, дизелот останува непроменет

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука која се однесува на малопродажните цени на горивата во нашата земја

Цените на нафтените деривати во Македонија во следните седум дена ќе бидат намалени во просек за 0,51 процент. Во согласност со методологијата за утврдување на цените, РКЕ со најновата одлука реши да ги поевтини малопродажните цени на горивата во однос на минатата недела.

Сепак, поевтинувањето се однесува само на бензините, поточно само за Еуросупер БС-95, чија цена се намалува за половина денар, додека цените на Еуросупер БС-98 и Еуродизел останува непроменета.

Во согласност со ова, од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 68 денари по литар гориво, додека Еуросупер БС-98 и Еуродизелот ќе се продаваат по цена од 70, односно 60 денари.

Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,82%, а кај дизелот има зголемување за 1,048%.

Поврзани вести

Back to top button