РКЕ ја зголемува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука од вечерва на полноќ ги поскапува малопродажниите цени на нафтените деривати во земјава

Со својата најнова одлука за цените на нафтените деривати во нашата земја, РКЕ ги поскапува горивата од вечерва на полноќ. Според најновата одлука на Регулаторна, се врши зголемување на малопродажните цени во просек за 2,76 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.

Со оглед на ова, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за денар и половина, додека пак цената на дизелот поскапува за еден денар.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе точиме за 62,50 денари, додека литар Еуросупер БС-98 ќе не чини 64,50 денари. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 53 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 5,317%, а кај дизелот зголемување во просек за околу 5,308%.

Поврзани вести

Back to top button