НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

И најлуксузните модели на струја?!

Британскиот производител на луксузни автомобили Rolls-Royce нема да заостане зад светските трендови во индустријата и е подготвен да понуди електромобил, изграден на најновата генерација на моделот Phantom

Ова го изјави за Car and Driver, генералниот директор Торстен-Милер Етвос.

Шефот додаде дека најлуксузниот автомобил на планетата Rolls-Royce Phantom ќе добие верзија на струја при смената на генерациите. Новата платформа на која ќе биде изграден следниот Phantom е така дизајнирана што овозможува поставување на електричен мотор и батерии. Интересно е дека во Rolls-Royce намерно „пропуштаат“ еден фаза – онаа на хибриди и директно ќе се насочат кон електрични остварувања. Во британската компанија, исто така, се на мислење дека системите за автономно управување сеуште не се соодветни за нивните модели и ќе се насочат кон нив, дури кога тие се докажат како безбедни, сигурни и лесни за употреба.

Rolls-Royce Phantom
Rolls-Royce Phantom

– Сето тоа зависи од напредокот во оваа област. Ние преферираме да почекаме додека системите за автономно движење станат доволно разбирливи за нашите клиенти, одговори Милер-Етвос на прашање дали Phantom ќе добие системот за адаптивна круз контрола, која се става на последната генерација на BMW 7. – Може да ја преземе контролата од возилото за одреден временски период.

Rolls-Royce Phantom
Rolls-Royce Phantom

Како дополнување топ-менаџерот истакна дека електричните автомобили на Rolls-Royce се задолжителна мерка. Ова се однесува особено за големите градови, каде властите се подготвуваат да го забранат користењето на автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close