Се појавија информации за цената на Dacia Spring Electric

Романскиот бренд Dacia остана таинствен кога станува збор за цената на својот електричен кросовер, моделот Dacia Spring Electric

Dacia Spring Electric неодамна ја доживеа својата официјална презентација, но на истата романската марка остана таинствена кога станува збор за цената на својот електричен автомобил. Но сега тоа се промени, откако Dacia ги отвори нарачките за Spring Electric во Унгарија, а притоа се појави и цената на моделот. Така, за првите сто примероци, почетната цена ќе изнесува 17.770 евра кога ќе се пресмета денешниот курс на унгарскиот форинт и евро.

Станува збор за цена која е повисока од онаа која првично се очекуваше. Имено, француските стручни медиуми пишуваа за базична варијана на Spring од 15.000 евра, додека некои германски портали одеа до таму што споменуваа сума од 12 до 13 илјади евра.

Сепак, кога во Унгарија на оваа цена ќе се додадат државните субвенции за купување на електрични автомобили се доаѓа до сума од 10.930 евра. Така, Spring Electric е далеку поевтин од Renault Zoe, електричната изведба на Twingo и VW Up! Сепак, треба да се почека и да се види колкава ќе биде цената во остатокот од Европа, бидејќи истата често може да варира од држава во држава.

Најверојатно е почетната цена сепак да не биде претходно најавуваните 15.000 евра, туку ќе биде поблиска до онаа во Унгарија. Но, и во еден таков случај, Dacia Spring Electric повторно е меѓу најприфатливите електрични модели во Европа.

Кога на ова ќе се додадат државните субвенции за купување електрични возила, кои се особено високи во Германија и Франција, се доаѓа до мошне пристапна цена.

Поврзани вести

Back to top button