Seat го прославува својот 70-ти роденден

Шпанскиот производител на автомобили Seat прославува 70 години постоење

Пред точно седум децении, шпанскиот производител Seat го започна своето возбудливо патешествие. На 9 мај 1950 година основана е компанијата која на Шпанија ѝ понуди мобилност. 70 години подоцна Seat мина низ длабока трансформација, притоа покажувајќи постојан капацитет за иновација.

Предизвиците низ годините и сето она низ што мина Sеat направи оваа компанија да го претставува она што е денес, а тоа е единствената автомобилска компанија која дизајнира, развива, произведува и продава возила во Шпанија. Водечки индустриски инвеститор во истражување и развој во земјата на Пиринеите, која претставува 1% од БДП-то и извезува 80% од своите возила. Денес Seat претставува стабилна компанија како дел од семејството на Volkswagen Group. Компанија која и понатаму расте и се развива.

Претседателот на Seat, кој воедно е и потпретседател за финансии и информатички технологии, Карстен Исенсе, ги потенцира способностите на компанијата за иновации во текот на историјата. „Во текот на својата 70-годишна историја, Seat ја демонстрираше својата способност да за иновација и успешно да одговори на предизвиците што се појавија на патот. Трансформирачка сила што го виде растот на SEAT од производител на автомобили, во стабилна технолошка и индустриска компанија.”

Sеat во моментов има три производствени центри лоцирани во Барселона, Ел Прат де Лобрегат и Марторел, каде во моментов се произведуваат Ibiza, Arona и Leon, а се започна откако компанијата ги отвори вратите на фабриката Zona Franca во 1953 година со дневно производство на пет возила Seat 1400.

Seat

Повеќе од обичен производител

Во текот на своите 70 години постоење, шпанскиот производител во своето портфолио понуди вкупно 75 модели, вклучувајќи различни верзии и генерации. Дел од нив претставуваа пресврт во историјата на Seat, започнувајќи во 1953 година со Seat 1400, првиот автомобил произведен од компанијата, а не треба да се заборави ниту легендарниот Seat 600, кој беше презентиран во 1957 година и набрзо стана симбол за слобода и мобилност. Во 1984 година Seat ја претстави првата генерација на моделот Ibiza, а шест години подоцна пристигна и Seat Leon – два модели кои претставуваат симбол на компанијата и коишто постигнаа продажни успеси уште од своето лансирање. Во 2016 година компанијата го засили опсегот преку влегување во сѐ попопуларниот SUV сегмент со моделите Ateca, Arona и Tarraco. Како доказ дека компанијата ги следи светските трендови, во 2019 година го објави Seat Mii electric, своето прво електрично возило.

Seat

Cupra e способноста на Seat за реиновација

Во 1996 година, со лансирањето на Ibiza, на сцената стапува и Cupra која е највисоката експресија на Seat кога станува збор за спортската мобилност на компанијата. Во 2018 година, Seat повторно ги пресретна своите капацитети за реинвентивност и ја направи Cupra како свој посебен бренд, со што Sеat добива пристап до нови пазари и нови клиенти, кои се во потрага по специјални продукти. Новиот бренд е дизајниран да ги привлече моторните ентузијасти и се карактирезира со современ дизајн и спортски перформанси на своите електрични модели. По лансирањето на Cupra Ateca и новиот Cupra Leon, производителот го претстави и Cupra Formentor, првиот модел специјално направен од страна на спортскиот подбренд на Sеat, произведен во Марторел каде од неодамна е поставено раководството на Cupra.

Во својата 70-годишна историја, Seat е во постојан одржлив раст, предводејќи ја автомобилската индустрија во Шпанија. Приказната започна во 1953 година со работна сила од 925 лица, за денес Seat да има повеќе од 15.000 вработени.

Seat

Со промет од 11.157 милијарди евра во 2019 и извоз на возила и компоненти во висина од 81% од прометот (9.041 милијарди евра), Sеat претставува водечки индустриски извозник во Шпанија. Исто така, денес фабриката на Seat лоцирана во Марторел е фабрика со најголемо производство на автомобили во Шпанија, и претставува втор по големина произведувач на автомобили во Европа.

Seat

Од Seat 1400 до вентилатори за болниците

Sеat е дел од животот на луѓето веќе 70 години, покажувајќи ја својата посветеност кон општеството и неговите потреби и во предизвикувачкото време на здравствената криза наметната од пандемијата на Covid-19. Во овој тежок период, Seat започна различни иницијативи за борба против вирусот, произведуваjќи опрема што е најпотребна во болниците, пред сѐ вентилатори. Тим од 150 професионалци работеше со недели со цел да развие прототип. Притоа, користејќи запчаници, вратила за менувачи и адаптиран мотор на бришачите за шофершајбната на Sеat Leon. Сето тоа даде успешен резултат откако беа произведени повеќе од 600 вентилатори за итни случаи кои беа испратени до болниците низ цела Шпанија, што беше мал придонес од страна на компанијата во давањето надеж за иднината, со цел заедно повторно да излеземе на улиците и да патуваме, да доживееме слобода, малку по малку.

Поврзани вести

Back to top button