Seat наместо автомобили започна да произведува вентилатори

Производствената лента на која се изработува Seat Leon во фабриката во Марторел, сега речиси е непрепознатлива

Фабричкиот погон и производствената лента се пренаменети со цел да се изработуваат автоматизирани вентилатори кои ќе му помогнат на здравствениот систем во текот на пандемијата на коронавирусот и ќе го намали недостатокот и преоптовареноста во болниците. Преоѓањето од производство на автомобили до вентилатори во рекорден рок е резултат на интензивната работа на големиот број вработени во компанијата Seat кај кои солидарноста излезе на виделина.

„Мотивацијата на сите кои учествуваат во овој проект е тоа што со помошта на нашето знаење можеме масивно да произведуваме опрема која ќе ни спаси животи“, вели Николас Мора од производствениот погон во Марторел, во близината на Барселона.

Од почетокот на ситуацијата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и болеста Covid-19, во Seat се покренати неколку иницијативи за борба против ширењето на вирусот. Конкретно, за производство на материјали и уреди кои ги бараат големите болници, како што се вентилаторите, тимот инженери внимателно се занимаваше со дизајнирање на неколку прототипови, се додека не се одлучија за производство на конечниот модел.

Проектот вклучува користење на компоненти за производство на возила од линијата на моделите на Seat од што клучен елемент е прилагодениот мотор на брисачот од ветробранското стакло. Целта беше да се направат вентилатори од највисок квалитет, а резултат е OxyGEN.

Дизајниран во соработка со Protofi.XYZ секој од овие вентилатори има повеќе од 80 електронски и механички компоненти и минува низ темелна контрола на квалитет вклучително и стерилизација со ултравиолетови зраци. Вентилаторот во моментов е во фаза на долготрајно тестирање во рамките на процесот на одобрување. Во меѓувреме, производствената лента на шпанската компанија продолжува да функционира благодарение на вработените кои неуморно работат на овој проект.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close