Seat ја покажа освежената Ibiza

Петтата генерација на Seat Ibiza беше претставена пред околу четири години, а шпанската марка сега подготви и освежување за субкомпактниот хечбек

Seat во рамките на двојната премиера, по освежената Arona, го претстави и фејслифт изданието на својот субкомпактен хечбек Ibiza. Со оглед на тоа дека моделот изгледаше прилично свежо, модерно и „остро“ и пред самиот фејслифт, шпанската компанија не менуваше премногу кога станува збор за изгледот на екстериерот.

Дел од промените се направени на предниот дел каде што базичниот модел сега добива LED за дел од функциите на предните светлосни групи, а како опција се нуди и Full LED поставка. Корпоративното лого, исто како и кај Arona, добива двобоен хромиран финиш, додека палетата на бои за екстериерот е проширена со Asphalt Blue и Sapphire Blue. Како додаток на ова, Seat подготви и три нови дизајни за тркалата, од кои два се со големина од 17, а еден сет е со големина од 18 инчи. Во согласност со новата филозофија на Seat, промена доби и натписот на моделот на задниот дел, каде името „Ibiza“ е испишано со ракописен фонт, со што се заокружуваат промените на екстериерот.

Квалитетен финиш во ентериерот

Во кабината, шпанскиот производител вгради поголем екран за инфозабавниот систем, па така сега истиот има големина од 8,25 инчи како стандард, додека како опција се нуди 9,2-инчниот екран. Целосно дигиталниот 10,25-инчен дигитален инструмент кластер и понатаму си останува, но Seat подготви и нови опции за тапацирот во ентериерот на Ibiza, а исто така го промени и квалитетот на материјалите кои сега се помеки на допир.

Seat Ibiza

Освежената Ibiza исто така добива и нов управувач обложен во Nappа кожа за FR и Xcellence нивоата на опременост, додека во Style нивото ова се нуди како опција. LED амбиенталното осветлување во повеќе бои е вградено во отворите за вентилација со цел да создаде пријатна атмосфера, која наликува на некои премиум брендови.

Купувачите ќе имаат широк избор на моторни единици. Опсегот стартува со трицилиндричен 1.0 TSI со 95 КС и 175 Nm максимален вртежен момент кои се пренесуваат до тркалата преку петстепен мануелен менувач. По него следува помоќната конфигурација со 110 КС и 200 Nm која може да се добие со шестстепен мануелец или седумстепен автоматски менувач со двојна спојка. На врвот на понудата е поголемиот четирицилиндричен 1.5 TSI агрегат кој испорачува 150 КС и 250 Nm. Како алтернатива, Seat го нуди и 1.0 TGI моторот кој функционира на компресиран природен гас кој испорачува 90 КС и 160 Nm и доаѓа во комбинација со шестстепен мануелец.

Seat Ibiza

Производството на освежената Seat Ibiza ќе започне во третиот квартал од 2021 во Марторел, а испораките ќе започнат кон крајот на годината или кон почетокот на 2022.

Поврзани вести

Back to top button